Игрите на гладните (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Игрите на гладните“
Игрите на гладните Постер.jpeg
Официјален постер за филмот
Режисер Гери Рос
Продуцент Нина Џакобсон и Џон Килик
Настапуваат Џенифер Лоренс
Џош Хачерсон
Лијам Хемсворд
Вуди Харелсон
Елизабет Бенкс
Лени Кравиц
Музика Џејмс Њутон Хауард
Кинематографија Том Стерн
Монтажа Стефен Мирионе
Џулиет Велфинг
Студио Колор Форс
Дистрибутер Лајансгејт
Премиера 23 март 2012
Времетраење 142 минути
Држава САД
Јазик
Буџет $78 милиони (3,547,050,000 денари)
Бруто заработка $691,247,768 (31,434,492,249 денари)

Игрите на гладните (англиски: The Hunger Games) — американски филм, режиран од Гери Рос а базиран на книгата Игрите на гладните од Сузан Колинс. Филмот е првото остварување во тројната литературна франшиза. Главните улоги ги толкуваат Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон.

Приказна[уреди | уреди извор]

Приказната е базирана во пост-апокалиптичка држава наречена Панем, која е поделена на дистрикти (реони). Главниот град на Панем е Капитол, а Панем е опкружен со 12 дистрикти. Секоја година од секој дистрикт се бираат по две жртви, таканаречени трибути. Се бираат по два трибути од секој дистрикт, момче и девојче, кои се форсирани да се борат да преживеат во арена се со цел угледните луѓе од Капитол да бидат забавувани а со тоа и воедно да се задоволат потребите на Капитол. Откако Прим Евердин ќе биде одбрана како трибут на 74. годишни игри, нејзината сестра Кетнис Евердин ќе се пријави како волонтер сè со цел да ја заштити сестра си.[1]

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

  • Џенифер Лоренс, во улога на Кетнес Евердин.
  • Џош Хачерсон, во улога на Пита Меларк.
  • Лиам Хемсворд, во улога на Гејл Хаутом.
  • Вуди Харелсон, во улога на Хејмич Абернати.
  • Елизабет Бенкс, во улога на Ефи Тринкет.
  • Лени Кравиц, во улога на Сина.
  • Стенли Тучи, во улога на Цезар Фликермен.
  • Доналд Сатерленд, во улога на Сноу.
  • Вес Бентли, во улога на Синека Крејн.
  • Вилоу Шиалдс, во улога на Примроуз Евердин.

Маркетинг, издавање и заработка[уреди | уреди извор]

Првиот трејлер за филмот беше издаден на 29 август 2011. [2] Филмот беше закажан за официјална премиера на 23 март 2012. Филмот не беше прикажуван во македонските кина. На денот на премиерата, филмот заработил $67,263,650. Кината го прикажувале филмот се до септември истата година, така што филмот успеал да заработи конечна бруто заработка од вкупно $691,247,768, односно 31,434,492,249 денари. 41% од бруто заработката, филмот ја здобил во странските кина односно заработил $283,237,076. Со оглед на тоа дека буџетот за филмот $78,000,000.00 односно 3,547,050,000 денари а заработил 31,434,492,249 денари, филмот се смета за најпрофитабилното филмско остварување за 2013. Остварувањето успеало да му донесе на студиото вкупна заработка од 27,887,442,249 денари.

Продолжение[уреди | уреди извор]

После успехот на првиот филм, Лајансгејт најави дека продолжетокот на првото филмско остварување, насловено како Игрите на гладните: Раѓање на огнот, треба да ја доживее својата премиера во ноември 2013.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николовска, Ивана. „Игрите на гладните“ Сакам Книги Превземено на 25 јули 2014.
  2. "Конечно трејлер за The Huger Games" 30-08-2011 Интересно Превземено на 25 август 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]