Ивко Панговски
Изглед
| Ивко Панговски | ||
![]() | ||
| Роден | 20 јули 1931
Галичник, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 28 март 2019 (возр. 87) Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | спортски новинар и коментатор | |
Ивко Панговски (роден на 20 јули 1931 година во Галичник - 28 март 2019 во Скопје) — македонски спортски новинар, радиорепортер и стенограф, сметан за легенда на македонското спортско (фудбалско) коментаторство. Од весникот „Единство“, тој преминал (1948) во Радио Скопје, каде што останал до пензионирањето (1989). Спортски репортер со препознатлив глас и стил во преносите, особено на фудбалските натпревари. Објавил повеќе трудови од историјата на македонскиот спорт.
Гласот на Ивко Панговски е тема на краткиот расказ „Не сум радио!“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 427-428.
