Иван Блажев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Иван Блажев (1974, Скопје, Македонија) е современ македонски фотограф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Блажев е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на отсекот за филмска режија на Бруклинскиот колеџ во САД, а завршил постдипломски студии по фотографија на Ликовната акдемија во Нови Сад, Србија.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Блажев приредил повеќе самостојни изложби и учестувал на учествувал и на групни изложби, организирани во Скопје, Краков, Берлин, Брисел, Мадрид, Леуварден, Виена итн. Неговите фотографии се одликуваат со изразен интимен и лирски сензибилитет.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Фотографии од Блажев во МСУ", Дневник, година XVI, број 5022, петок, 23 ноември 2012, стр. 21.
  2. "Фотографии од Блажев во МСУ", Дневник, година XVI, број 5022, петок, 23 ноември 2012, стр. 21.