Иван Џолев
Изглед
Иван Џолев | ||
Роден | 28 август 1908 година Голешово, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 1996 година | |
Националност | Македонец |
Иван Илиев Џолев (28 август 1908 во Голешово, Пиринска Македонија, Бугарија[1] — 1996 во Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Иван бил верен јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров. Помагал со сè што можел и затоа му била изречена смртна пресуда. Подоцна смртната пресуда му била заменета со доживотна казна затвор. Според Крум Монев, тој бил вистински Божји слуга, а не лицемерен дволичен свештеник. За време на маченичките испитувања во кабинетите на бугарското МВР, негови најжестоки мачители биле крвожедниот Георги Давидов-Графот, Богданов, Жоро и други.[2]
Негови мисли
[уреди | уреди извор]„ | Заради слободата на Македонија јас сум готов да ме осудат, ако тоа е возможно, уште сто пати на смрт, сто пати да ме бесат и да ме оковаат со толкави железни вериги, за колку што може да се најде место на моето мршаво тело. | “ |
Тој важел за бескомпромисен заштитник на македонската кауза. Во затворите одлежал осум и пол тешки и мачни години.[2]