Прејди на содржината

Зуица Лазова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зуица Лазова
Роден(а)31 октомври 1974(1974-10-31)(51 г.)
Штип, НР Македонија СР Македонија
Жанровинародна музика, поп-фолк музика
Занимањапејачка
Период на активност1995 - сè уште

Зуица Лазова (р. 31 октомври 1974 во Штип) — македонска фолк пејачка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лазова е родена во Штип. Нејзините родители, Донка и Ристо починале за време на нејзината младост.[1] Таа работи како професор по хармоника во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Мажена е за познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески со кого живеат во Скопје и со кого имаат две деца — Македонка и Стефан.[2] Покрај музиката, таа е позната и како водителка на телевизиската емисија „Зајди зајди“, која се прикажуваше на телевизијатаАлфа“ до 2016 год.

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

Единствениот албум со авторски песни го има објавено во 1999 година во издание на МРТ, а притоа, Зуица Лазова има учествувано на речиси сите фестивали во Македонија, како на пример, „Валандово“, „Цветници“, „Охрид фест“,[3] „Низа“, „Прилеп фест“ и „Роса“,[4] а учествувала на фестивали и во Бугарија. Заедно со други македонски исполнители, Лазова е наградувана на фестивалот „Пирин фест“. Најпозната нејзина песна е „Утринска коба“ со која има победено и била избрана за песна на годината на фестивалот Цветници во 2001 година, а на истиот има добиено дури 5 награди.[5] Повторно освојува прва награда на фестивалот Цветници во 2016 год, делејќи ист број гласови со Сузана Спасовска.

Во 2015 година, заедно со Наум Петрески, Лазова го издала албумот со староградски песни „Незаборав“.[1] Истата година учествува и на проектот со народни ревулуционерни песни „Непокор“, со композицијата „Абер си Јане получил“.

Во 2022 година, заедно со Наум Петрески, учествува како специјален гостин на Пирин фолк Сандански во Бугари, изведувајќи ги нејзините најголеми хитови во ревијален дел.[6]


СпотГодинаРежисер
Утринска коба2002-
Абер си Јане получил2015МРТ, проект „Непокор“
Не се фаќај Доне Донке2016-
Еј Дамјане либе2017-
Малку барам јас2021Миле Грозданоски
Скопје2021Миле Грозданоски
Немој не прашувај2021Миле Грозданоски
Кој ја роди песната2021Миле Грозданоски
Капни солзо2021Миле Грозданоски
Боже прости ми2021Миле Грозданоски
Не ми носи бели рози2021
Разболела се Ленка Пингова2021
Земјо мила2023Скендеровски Продукција
Мојата хармоника 2024 Гарски продукција
Ќе ти купам широк фустан, Зуице 2024 Гарски продукција
Горда Македонка2025Скендеровски Продукција
  1. 1 2 „Построга сум како родител отколку како професор“, Антена, број 877, 17 април 2015, стр. 4-5.
  2. „Зуица и Наум ќе градат куќа во Припор“. Утрински Весник. 13 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2022-06-14. Посетено на 2011-06-22.
  3. „Биба Додева и Зуица Лазова најдобри за публиката“. Дневник. Посетено на 2011-06-22.[мртва врска]
  4. „Седум години фестивал „Роса" на 1 декември“. Утрински Весник. 28 ноември 2006. Архивирано од изворникот на 2023-09-01. Посетено на 2011-06-22.
  5. "Утринска коба" на Зуица Лазова прогласена за фолк-хит на годината“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-06-22.
  6. „Zuica Lazova & Naum Petreski“. YouTube. Посетено на 2026-01-05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]