Зоран Поповски (научник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За останати значења, видете Зоран Поповски.

Проф. д-р Зоран Т. Поповски е македонски научник и професор кој работи и истражува во Институтот за анимална биотехнологија при Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје (ФЗНХ). Неговата област на стручност е молекуларната биологија на животните. Професор е по биохемија и генетско инженерство, специјалист за молекуларна биологија, генетски инжинеринг и генетски модифицирани организми (ГМО) на Институтот за анимална биотехнологија. Работи за факултетот од 1992 година при што има издадено голем број на научни и академски трудови и глобално ценети материјали за ГМО и генетскиот инжинеринг. Тој е раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство, која е составена од две лаборатории за биохемија и молекуларна биологија и ГМО лабораторија. Овие лаборатории служи како центар за обука за примена на молекуларни методи во сточарско производство во земјите од Западен Балкан.

Д-р Поповски предава општа и клиничка биохемија на Факултетот за Фармација и ГМО на Технолошко-металуршкиот факултет.

Од периодот од 2002-2006 работи како државен секретар при Министерството за образование и наука.

Неговата последна публикација e Polymorphism in the genome of indigenous Macedonian and Slovenian sheep breeds.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Резиме на Зоран Т. Поповски