Зона на интерес (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Зона на интерес“ (англиски: The Zone of interest) — филм на режисерот Џон Глејзер од 2023 година. Главните улоги ги играат: Сандра Хилер, Кристијан Фридел и Макс Бек. Филмот освоил две награди „Оскар“ – за најдобар странски филм и за најдобар звук, а бил номиниран и во уште три други категории (режија, адаптирано сценарио и најдобар филм). Исто така, филмот имал и три номинации за наградите „Златен глобус“: за најдобар филм, за најдобар странски филм и за музика. На Канскиот филмски фестивал, филмот ги освоил наградите Гран при и наградата на критиката Фипресци, а освоил и Европска филмска награда за најдобар звук. Режисерот Глејзер го применил начинот на снимање на телевизиските реалити програми, како што се: скриената филмска екипа и фиксни камери. Исто така, во ниту еден кадар од филмот не се прикажани масовните убиства во логорот, туку тоа е претставено со позадинските звуци и со чадот што се крева над крематориумот.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот е посветен на нацистичкиот командант Рудолф Хес, неговата сопруга Хедвиг и нивните пет деца, кои живеат во својата куќа опкружена со идилична градина и со живописно езеро. Повремените крикови, пукотници и бучавата, кои се слушаат преку оградата, не влијае врз нивниот живот. Напротив, нацистичкиот командант Рудолф Хес многу го цени тоа што работи во близината на куќата. Всушност, непосредно до неговата куќа се наоѓа концентрациониот логор Аушвиц...

Наводи[уреди | уреди извор]