Зенерова диода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зенерова диода
Зенерова диода за моќност

Зенерова диода или Зенер-диодасилициумова полуспроводничка диода чиј пробоен напон во инверзен режим на работа е значително помал отколку кај вообичаените диоди благодарение на Зенеровиот ефект. Пробојниот напон на диодата при инверзна поларизација често се нарекува „Зенеров напон“. Зенеровите диоди се користат за стабилизација и ограничување на напонот.[1]


Етимологија[уреди | уреди извор]

Оваа диода името го добила по американскиот научник Кларенс Зенер.


Начин на работа[уреди | уреди извор]

Струјно-напонска карактеристика на Зенерова диода со пробоен напон од 17 волти

Кларенс Зенер објаснил како кај полуспроводничките диоди со голема концентрација на нечистотија се зголемува спроводливоста во инверзен режим на работа заради тунелирање на електроните од валентната во спроводната област. За диодите со поголем пробоен напон доминира ефектот на лавина, појава при која електричното поле толку ги забрзува електроните така што со удар во атомите од валентната област избиваат нови електрони во спроводната област, но вообичаено и овие диоди да се нарекуваат Зенерови, додека називот „пробојна диода“ се користи само за повисоки напони.

Зависност на температурниот коефициент од Зенеровиот напон

При Зенеровиот ефект температурниот коефициент е негативен, а кај лавинскиот ефект е позитивен, па вкупниот температурен коефициент е најмал за диодите со Зенеров напон од околу 5 волти, бидејќи тогаш двата ефекта се уедначени.


Симбол[уреди | уреди извор]

Симболот на Зенеровата диода е даден на сликата.

Симбол на Зенеровата диода


Поврзано[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Millman, Jacob (1979). Microelectronics. McGraw Hill. стр. 45-48. ISBN 0-07-42327-X.