Зграда на музејот во Рума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зградата на музејот во Рума

Зградата на музејот во Рума се наоѓа на главната улица бр.182, изградена во 1772 година за Фрањевачката гимназија. Претставува културно наследство и како споменик на културата од големо значење. Ја изградил баронот Марко Пејачевиќ, кој по реорганизацијата на Воената граница ја избрал Рума за свое седиште и значително придонел за економскиот и урбаниот развој и напредокот на овој град во 18 век. Според една легенда, таа била првата катна зграда во Рума.

Изглед[уреди | уреди извор]

Објектот бил изграден како масивна аголна катна зграда со основа во форма на кириличната буква „Г“ и двокрилен покрив покриен со бибер ќерамиди. Фасадите се едноставни, без фасадна декорација, со низа правоаголни прозорци на приземјето и катот. Хоризонталната поделба е направена со едноставен кордон и профилиран тавански корниз. Главната улична фасада гледа кон север, а другиот дел, исто така уличната фасада, гледа кон запад. До денес, зградата целосно го зачувала својот изглед и одлики на воената гранична архитектура.

Денес во неа е сместен роднокрајниот музеј со својата колекција и две наследства, на сликарите Миливој Николајевиќ и Роман Соретиќ.[1]

Конзерваторско-реставраторските работи се извршени во 1977-1982, 1986-1988, 2002 и 2005 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Список на споменици на културата во областа Срем
  • Спомениците на културата од големо значење

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Завичајни музеј у Руми“. Архивирано од изворникот на 16. 01. 2018. Посетено на 16. 09. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]