За земјоделството (Катон)
За земјоделството (лат. De Agri Cultura) е книга од римскиот автор Катон Постариот. Ова е најстарото зачувано латинско прозно дело. Александар Хју МекДоналд, во неговата статија во „Оксфордскиот класичен речник“ (Oxford Classical Dictionary), вели дека овој есеј датира од околу 160 п.н.е. и забележал дека „и покрај немањето на форма, подробните описи на старите обичаи и суеверија и архаичниот тон, ова сепак било современо дело во кое авторот се раководел според сопствените познавања и искуство со новото капиталистичко земјоделство."[1] Многу подоцнежни дејци искажувале голема почит кон Катон за неговите практични ставови, неговиот стоицизам и неговата и притегната и луцидна проза.
Земјоделски рецепти
[уреди | уреди извор]Еден дел од книгата е посветен на рецепти за земјоделски производи. Меѓу нив наоѓаме:
- имитација на коско вино (каде на ширата ѝ се додавала морска вода);
- првата забележана рецепта за т.н. „грчко вино“ (vinum graecum), имитација на силно ароматизираното грчко вино кое се увезувало во Италија во римско време.
Ритуали
[уреди | уреди извор]Книгата содржи краток дел во кој се зборува за верските ритуали кои ги извршуваат земјоделците. Тука јазикот е сосем традиционален, поархаичен од остатокот од книгата. Меѓу другото, Катон тука зборува за вршењето на суоветаурилиите, благослов на земјата и родот.
Текстови и преводи
[уреди | уреди извор]- Dalby, Andrew (1998), напишано во Totnes, Cato: On Farming, Prospect Books, ISBN 0907325807
- Goujard, R. (1975), напишано во Paris, Caton: De l'agriculture, Collection Budé, Les Belles Lettres
- William Davis Hooper, преведувач. Marcus Porcius Cato, "On Agriculture"; Marcus Terenntius Varro, "On Agriculture". Harvard: Loeb Classical Library, 1934.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Cato (1)“, Oxford Classical Dictionary, Второ издание. (Oxford: Clarendon Press, 1970), стр. 215.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Watkins, Calvert (1995), напишано во New York, How to Kill a Dragon: aspects of Indo-European poetics, Oxford University Press, ISBN 0195144139
- K. D. White, "Roman agricultural writers I: Varro and his predecessors" во Aufstieg und Niedergang der römischen Welt уред. H. Temporini. Прв дел, Том 4 (Berlin: De Gruyter, 1973) стр. 439-497.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „За земјоделството“ - Латински текст со анлиски превод (англиски) (латински)