Суоветаурилии

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цар Трајан врши суоветаурилии за да ја прочисти војската

Суоветаурилиите или суовитауриите (лат. suovetaurilia или suovitaurilia) бил еден од најтрадиционалните и најсветите обичаи во римската религија. Како дел од него се жртвувале свиња (sus), овен (ovis) и бик (taurus) на богот Марс за да ја благослови и прочисти земјата.

Ритуалот е зачуван во делото De Agri Cultura, („За земјоделството“) на Катон Постариот. Најпрвин, трите животни се воделе околу меѓата на земјата што треба да се благослови и се изрекувале слeдниве зборови:

Cum divis volentibus quodque bene eveniat, mando tibi, Mani, uti illace suovitaurilia fundum agrum terramque meam quota ex parte sive circumagi sive circumferenda censeas, uti cures lustrare.
„Нека нашата работа биде крунисана со успех со добра помош од боговите, посакувам, Маниј, да се погрижиш да го исчистиш мојов имот, мојава почва со овие суоветаурилии, каде и да мислиш дека е најдобро да бидат терани или носени.“

„Маниј“ може да биде некој малку познат бог, поврзан со Маните, но исто така може и да биде еквивалент на измисленото име Петар Петровски (некојси). Потоа, пред извршувањето на самото жртвување, се кажува следнава молитва кон Марс:

Mars pater, te precor quaesoque uti sies volens propitius mihi domo familiaeque nostrae, quoius re ergo agrum terram fundumque meum suovitaurilia circumagi iussi, uti tu morbos visos invisosque, viduertatem vastitudinemque, calamitates intemperiasque prohibessis defendas averruncesque; utique tu fruges, frumenta, vineta virgultaque grandire beneque evenire siris, pastores pecuaque salva servassis duisque bonam salutem valetudinemque mihi domo familiaeque nostrae; harumce rerum ergo, fundi terrae agrique mei lustrandi lustrique faciendi ergo, sicuti dixi, macte hisce suovitaurilibus lactentibus inmolandis esto; Mars pater, eiusdem rei ergo macte hisce suovitaurilibus lactentibus esto
„Оче Марс, ти се молам и те преколнувам да бидеш благонаклонет и милослив со мене, мојата куќа и моето домаќинство; затоа посакувам овие суоветаурилии да се водат околу мојава земја, мојава почва, мојов имот; да држиш настрана, одвратуваш и отстрануваш болештија, видена и невидена, неплодност и уништување, пропаст и неразумни влијанија; и да дозволиш моите берби, моите житарки, моите лозја и моите плантажи да процветаат и да дојде добра година, заштити го здравјето на моите овчари и крда, и дај ми сила и добро здравје мене, на мојата куќа и на моето домаќинство. Затоа, со намера да го исчистам мојот имот, мојата земја, мојата почва, и со трпепење, како што реков, благоизволи да го прифатиш овој дар на овие жртви-доенчиња; Оче Марс, исто така благоизволи да го прифатиш дарот на овој доечки дар.“

Колачи и леб биле исто така жртвувани заедно со животните. Во моментот на извршувањето на жртвата, земјопоседникот искажувал:

Eiusque rei ergo macte suovitaurilibus inmolandis esto.
„Затоа благоизволи да го прифатиш дарот на овие жртви.“

Доколку неможеле да се видат благонаклнони предзнаци, земјопоседникот бил советуван да го изврши жртвувањето одново и да каже уште една додатна молитва:

Mars pater, siquid tibi in illisce suovitaurilibus lactentibus neque satisfactum est, te hisce suovitaurilibus piaculo.
Оче Марс, ако дарот од тие доенчиња не те задоволи, надоместувам со овие жртви.

Во случај да не се појавеле предзнаци по три жртвувања, земјопоседникот бил советуван да дарува уште една свиња, со зборовите:

Mars pater, quod tibi illoc porco neque satisfactum est, te hoc porco piaculo.
Оче Марс, дотолку колку што не си задоволен со дарот на таа свиња, надоместувам со оваа свиња.

Нажалост, Катон не кажува какви предзнаци требало да се очекуваат. Меѓутоа предзнаците, ги одредувал занаетот на харуспексот кој бил вадење на утробата, особено на црните дробови на жртвуваните животни и барање на божествени знаци.

Во рамките на римската религија биле изведувани јавни и приватни суоветаурилии. Катон кажува дека ритуалот се изведувал за прочистување и „лустрирање“ на еден посед. Приватните селски суоветаурилии се вршеле секој мај на фестивалот Амбарвалии, во кој луѓето шетале низ полињата. јавните суоветаурилии биле вршени на извесни државни церемонии, како земјоделски фестивали, завршетокот на еден цензус и како надомест за неккоја случајна грешка при ритуал. Традицвионално овие се вршеле на интервалки од по пет години: овој период се нарекувал луструм, а прочистувањето преку суоветаурилии се нарекувало лустрација.

Доколку некој храм бул уништен, местото на храмот морало да се прочисти со суоветаурилии пред да се изгради нов храм на негово место. Јавни суоветаурилии исто така биле изведувани за да се благослови војската пред некој голем поход. На Трајановиот столб, царот Трајан е прикажан како врши суоветаурилии за да ја прочисти римската војска.

Надворешни врски[уреди]

Извори[уреди]

  • Watkins, Calvert. How to Kill a Dragon: Aspects of Indo-European Poetics (Oxford, 2001) ISBN 0-19-514413-9