Прејди на содржината

Заовинско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Заовинско Езеро
Заовинско Езеро поглед од браната
Главни приливиКоњска Река, Бел Рзав
Главни истециБел Рзав
Сливни земји Србија
Најг. должина4.1 км
Површина&100000000000004300000004,30 км2
Најг. длабочина110 м

Заовинско Езеро се наоѓа на планината Тара кај местото Заовине и е вештачко по потекло. Создадено е во периодот од 1975 година до 1983 година, кога текот на Бел Рзав бил преграден од брани во близина на врвот Кик (958 мнв). На највисокиот водостој, површината на езерото е на надморска височина од 881,5 m. Најголемата длабочина е околу 110 m.

Езерото е дополнето со два потоци Коњска река и Бел Рзав.

Езерото е акумулација на реверзибилната хидроцентрала „Бајина Башта“ во Перуќац, со која е поврзано со вертикален цевковод. Во случај на низок водостој на реката Дрина, езерото се испразнува и се стартуваат турбините на хидроцентралата, додека во случај на вишок вода и поплави, водата се испумпува вертикално во Заовинско Езеро. Поради тоа нивото на езерото многу осцилира. Има и четири помали езера од кои преку систем на поврзани садови може да се излее вода во големо езеро. Едно од тие езера е и езерото Спајиќ кое се наоѓа од другата страна на браната.[1]

Водата е многу чиста и со мала преработка во пречистителни станици се користи за пиење.

Езерото се користи и за одгледување пастрмка.

Во лето има капачи на неуредените плажи.

Во близина на пополнетата брана се наоѓа местото каде Јосиф Панчиќ ја открил Панчиќевата оморика, како и средновековната тврдина Град.

Флора на Заовина

[уреди | уреди извор]

Околу 50% од флората на целата планина Тара е забележана во Заовине, односно околу 15% од флората на Србија. На ова подрачје досега се идентификувани околу 600 растителни видови.

  • Од вкупниот број на евидентирани видови, 55 растителни видови се на прелиминарната црвена листа на флора на Србија.
  • меѓу 330 меѓународно важни растенија кои живеат во Србија, 25 видови можат да се најдат во областа Заовина;
  • во областа Заовина има 15 растителни видови кои се заштитени како природни реткости како што е рунолист, а има и субендемити на Николиќева кандилка, Панчиќева полска млечика и претставниците на семејството Orchidaceae, кои се предложени да се вклучат во списокот на Уредбата за заштита на природните реткости.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Мала енциклопедија Просвета (3 изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.  Недостаје или је празан параметар |title= (помоћ)
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]