Забранета страст
Оваа статија не наведува никакви извори. (јануари 2013) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Забранета страст | |
|---|---|
| Жанр | теленовела |
| Создадена од | Еџе Јоренџ и Мелек Генчокглу |
| Улоги | Хенкарлос Канела Карла Спеар <br Ребека Џонс Роберто Вандер |
| Земја на потекло | САД |
| Првичен јазик | шпански |
| Бр. на епизоди | 40-45 минути |
| Производство | |
| Извршен продуцент(и) | Vicente Albaraccin |
| Времетраење | - |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | Телемундо |
| Првично прикажување | 22 јануари 2013 |
| Мрежна страница | https://www.usanetwork.com/pasion-prohibida nbc.com/pasion-prohibida, https://www.usanetwork.com/pasion-prohibida |
Забранета страст (шпански: Pasión Prohibida) е теленовела од 2013 година од Телемундо. Серијата е снимана во текот на 2012 година, а започна со емитување на 22 јануари 2013 година. Како главни протагонисти во сеирјата се јавуваат Хенкарлос Канела и Моника Спеар. Теленовелата е римејк на турската серија Aşk-ı Memnu од Еџе Јоренџ и Мелек Генчокглу.
Содржина
[уреди | уреди извор]Бјанка е заслепена од омраза кон нејзината мајка Флавиа, која ја обвинува за ненадејната смрт на нејзиниот татко. Бјанка се венчава со Ариел, стар и богат вдовец, на кој му фрлила око и Флавиа, трагајќи по богатство. И покрај љубезноста на Ариел и чувтсвата спрема Бјанка, таа не е среќна со него. Кога ќе ја открие скриената вистина, сфаќа дека неосновано ја започнала одмаздата и се обидува својата среќа да ја најде кај Фернандо. Но, се случува нешто неочекувано, кај Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, млад и привлечен внук на нејзиниот сопруг Ариел. Животот на Бруно се претвора во една тешка борба да направи избор меѓу љубовта на Бјанка и лојалноста кон Ариел, кого го чувствува како татко. Бјанка и Бруно се впуштаат во една страствена, но забранета љубов, која ќе ја направи Бјанка жртва на играта која самата ја започна.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Моника Спир | Бјанка Сантијана |
| Хенкарлос Канела | Бруно Хуртадо |
| Ребека Џонс | Флавиа Сантијана |
| Роберто Вандер | Ариел Пиамонте |
| Мерцедес Молто | Дениз Лефевр |
| Сабрина Сеара | Пенелопе Сантијана |
| Кармен Ауб | Нина Пиамонте |
| Присила Пералес | Елиана Рамирес |
| Рубен Моралес | Саломон Барера |
| Марисела Гонсалес | Франциска Пиамонте |
| Хенри Зака | Гуљелмо Аредондо |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Содржина на романот Aşk-ı Memnu на turkishauthors.com Архивирано на 29 декември 2013 г.
- Официјална песна на теленовелата