Забже
Изглед
| Забже | |||
|---|---|---|---|
Главната пошта во Забже | |||
| |||
| Држава | |||
| Војводство | |||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Малгожата Мањка-Шулик | ||
| Површина | |||
| • Градска | 148 км2 (57 ми2) | ||
| Население (2017) | |||
| • Градско | 174,349 ▼ | ||
| • Градскo | 2.746.000 | ||
| • Метро | 4.620.624 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| Поштенски број | од 41-800 до 41-820 | ||
| Повик. бр. | +48 32 | ||
| Регистарски таблички | SZ | ||
| Мреж. место | um.zabrze.pl | ||
Забже (полски: Zabrze, германски: Hindenburg O.S (од 1915 до 1945), целосен назив: Hindenburg in Oberschlesien, шлески: Zobrze) - град во Полска, кој се наоѓа во Шлеското Војводство во близина на Катовице, во западниот дел на Горношлеската Метрополска Област, кое брои околу 2 милиони жители. Низ градот тече реката Битомка, која е притока на Одра.
До 1999 година, градот бил дел од тогашното Катовицко Војводство, а од тогаш е дел од проширеното Шлеско Војводство. Забже е еден од градовите кои ја сочинуваат катовицката конурбација, која пак е важен дел од пошироката Горношлеската Метрополска Област, во која живеат нешто над 5 милиони жители.