Живојно (рудник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е статија за македонски рудник. За истоименото битолско село видете Живојно, додека за егејското село видете Живојна

Живојно е македонски рудник на јаглен, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пелагонискиот басен, на север е ограничен со Црна Река, а на југ со македонско-грчката граница.[1] Во базалната формација на наоѓалиштето се развиени две јагленосни формации: подинска јагленосна формација и продуктивна јагленосна формација. Посебен интерес за експлоатација има продуктивната јагленосна формација, која е развиена на простор од 30 км2, а детално е истражена во наоѓалиштето Живојно. Главниот јагленов слој има моќност од 4 до 8 m. Се појавуваат и повеќе подински слоеви кои немаат континуитет на поголем простор. Јагленот е од типот на меки кафеави јаглени – лигнит. Вкупните геолошки резерви на јаглен во Живојно изнесуваат 105 х 106 тони.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Б. Андреевски, Јаглени: Генетски и квалитативни карактеристики, наоѓалишта на јаглен и заштита на животната средина, РГФ, Штип, 1995
  2. П. Лазаров, и Т. Серафимовски, Наоѓалишта и појави на енергетски суровини во Република Македонија, Посебно издание бр. 6, РГФ, Штип, 1997