Животот е убав (филм од 1997)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Животот е убав“ (италијански: La vita è bella) – филм на режисерот Роберто Бенињи (Roberto Benigni) од 1997 година. Автори на сценариото се Винченцо Черами (Vincenzo Cerami) и Роберто Бењини. Главните улоги ги играат: Роберто Бенињи, Николета Браски (Nicoletta Braschi), Џорџо Кантарини (Giorgio Cantarini), Џустино Дурано (Giustino Durano), Серџо Бини Бустрич (Sergio Bini Bustric), Мариса Паредес (Marisa Paredes) и Хорст Бухолц (Horst Buchholz). Иако филмот го прикажува прогонот на Евреите во нацистичките концентрациони логори, сепак режисерот ја обработува темата на оригинален, комичен начин кој ги комбинира чаплиновскиот лик со ликовите од италијанските неореалистички филмови. Филмот освоил три награди „Оскар“: за најдобар странски филм, за главна машка улога и за музика.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 1930-тите, во Тоскана живее Гвидо (го игра Бенињи), сопственик на мала книжарница. По една случајна средба, тој се вљубува во богатата Дора (ја игра Браски), која е воодушевена од неговата добродушност и духовитост. Поради тоа, таа бега од својата свадба и се мажи за Гвидо со кого добива син, живеејќи сиромашен, но среќен живот. Меѓутоа, по окупацијата на Италија, нацистите ги испраќаат Гвидо и детето во концентрационен логор, а Дора им се придружува, иако таа нема еврејско потекло. Свесен за ужасните услови во логорот, Гвидо решава целата состојба да му ја прикаже на синот како игра во која тој мора да се крие, а за награда ќе добие тенк. Пред доаѓањето на американската војска, нацистите набрзина го напуштаат логорот, но притоа го убиваат Гвидо. Сепак, неговиот син останува жив и американскиет војници го земаат со себе, возејќи го во тенк. Патем, детето ја здогледува мајка си.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Život je lijep, talijanski film (пристапено на 9.5.2022)