Прејди на содржината

Жена со пејзаж

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Жена со пејзаж“ (српскохрватски: Жена с крајоликом) — југословенски филм од 1989 година, во режија на Ивица Матиќ. Улогите ги играат: Столе Аранѓеловиќ, Божидарка Фрајт, Урош Кравијача итн.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Шумарот е самоук сликар со голема страст за сликање актови. Тој оди во едно зафрлено босанско село каде успева да наговори многу жени да му позираат голи. Меѓутоа, кога дознаваат за тоа, нивните мажи побеснуваат, убедени дека Шумарот има полови односи со жените.