ЖС „Љубљана“ (Словенија)
Изглед
ЖС „Љубљана“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица Љубљана | |
Општи информации | |
Место | Љубљана Градска општина Љубљана Словенија |
Сопственик | Словенечки железници |
Перони | 5 |
Колосеци | 12 |
Железничка станица Љубљана — главната железничка станица во градот Љубљана, Словенија. Станицата го претставува најважниот железнички јазол во земјата. Се наоѓа на Трг Освободиљне Фронте, на северниот раб на стариот град. На платформата пред неа се наоѓа главната автобуска станица. Изградена била во 1849 година како прва железничка станица во градот, според типскиот план за австриската јужна железница, што особено потсетува на саат-кула.
Во 1904 година, на пат за Трст, писателот Џејмс Џојс и неговата сопруга случајно се симнале овде, поради што морале да преноќат на станицата. Овој настан се одбележува со мала статуа на Јаков Брдар на првата платформа, која била откриена во 2003 година.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Na ljubljanski železniški postaji spomenik Jamesu Joyceu“. Dnevnik. 2024. Посетено на 2024-01-28.
- ↑ „ArcGIS Web Application“. geohub.gov.si. Посетено на 2024-01-28.
|