Ефтимија Гушева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ефтимија Гушева - Пача ( 1924 во Граматиково, Воденско, Егејска Македонија1947 најверојатно во Солун, Егејска Македонија, Грција) ― македонска партизанка, борец за права и слобода на Македонија, учесник во НОВ во Егејска Македонија, како и Граѓанската војна во Грција. [1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се вклучила во борбата уште во 1944 година, во редовите на ЕАМ и КПГ. Важела за смел борец. Во Граѓанската војна, била член на Окружниот одбор на Земјоделската партија на Грција за Воденско. Во 1947 година, работела во Солун под многу тешки услови во движењето на отпорот. Истата година била уапсена ѝ од Воениот суд на Грција била осудена на смрт. Одбила да даде изјава за покајување. Кога ја носеле на стрелање, заедно со групата осуденици, пеела и ги бодрела другите.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 80. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)