Ташо Гушев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ташо Гушев - Маки ( 1910 во Граматиково, Воденско, Егејска Македонија1996 во Воден, Егејска Македонија, Грција) ― македонски партизан, учител, борец за права и слобода на Македонија, учесник во НОВ во Егејска Македонија, како и Граѓанската војна во Грција.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во 1941 година се приклучил на во движењето на отпорот против фашизмот. Од 1947 година, бил политички комесар на Штабот на ДАГ за планината Пајак и Кајмакчалан, а потоа политички комесар на Осумнаесеттата бригада на ДАГ. Бил член на главниот одбор на НОФ и член на Претседателството на организацијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија - „Илинден“. Приврзаник и доследен спроведувач на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 138. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 418. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Стојан Киселиновски - Егејска Македонија во НОБ, Ⅵ, 1949, Скопје, 1983.