Прејди на содржината

Еротеј (отец)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Еротеј (роден во Варвара - 1910 ) Лешок, (световно име: Лаврентие Давидов), македонски игумен. Завршил ќелијно училиште во Софија и го добил чинот јеромонах.

Служел во црквата „Св. Никола“ во Тетово во 1898 година.[1] Бил игумен на Лешочкиот манастир од 1898 па сè до смртта во 1910 година. Бил истакнат во настанот опеан во народната песна за сардисувањето на манастирот во 1905 година, кога со мудрост и со храброст, го спречил масакрирањето на масата верници во манастирот, сардисан од Албанци, за време на манастирскиот празник.[2]

  1. Светозаревиќ, Бранислав Покорни (2003). Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 190. ISBN 9989-622-46-9.
  2. Светозаревиќ, Бранислав Покорни; И. Петрушевски (2001). Лешочкиот манастирски комплекс. Скопје.