Прејди на содржината

Ерменска црковна архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата Света Хриписима, изградена во 618 година е важна црква од раниот период.

Ерменска црковна архитектураархитектонски стил што се развил во текот на изминатите 1.900 години, почнувајќи од апостолската ера на христијанството на Ерменската Висорамнина во текот на 1 век. Според професорот по ерменски студии Дикран Кујмџијан, овој архитектонски стил се појавил кон крајот на 6 или почетокот на 7 век, што го прави еден од првите национални стилови во христијанската архитектура.[1] Тој им претходи на другите значајни црковни архитектонски стилови како што се византискиот, романскиот, готскиот, како и помалку познатите етиопски, скандинавски и словенски стилови.[2]

Првите ерменски цркви, изградени по наредба на Григориј Просветител, честопати биле градени над пагански храмови, одразувајќи некои елементи од ерменската претхристијанска архитектура.

Ерменските цркви се познати по неколку препознатливи обележја, меѓу кои се зашилените куполи кои личат на обликот на вулканскиот конус на Арарат. Овие стожести или полустожести радијално сегментирани куполи се наоѓаат на врвот на валчести тамбури (обично повеќеаголни однадвор, често осумаголни). Целокупната конструкција ја нагласува вертикалноста, при што висината често ја надминува должината на црквата. Овој вертикален нагласок е зајакнат со високи, тесни прозорци кои ја пропуштаат светлината.

Ерменските цркви се претежно направени од камен, често вулканска туфа или базалт, со камени засводени тавани. Композитен покрив од фино сечени травертински ќерамиди ја покрива конструкцијата. Ако има фрески и резби, тие обично се богато украсени, а меѓу украсите може да се видат виорни лози и лисја кои се користеле надвор од Ерменија уште од римско време. Широката употреба на високи структурни лакови ги потпира куполата, засводениот таван и вертикалните ѕидови.[3]

Класификација на традиционалните ерменски цркви

[уреди | уреди извор]

Во границите на горенаведените заеднички одлики, поединечните цркви покажуваат значителна разлики што може да го одразува времето, местото и досетливоста на нивните творци. Додека ги проучуваше овие разлики на почетокот на 20 век,Торос Тораманијан ги определил следните класични стилови:

Класични стилови на ерменската архитектура според Торос Тораманијан
Стил Ерменска номенклатура
Базилика Bazilik (Բազիլիկ)
Купола базилика Gmbetakir bazilik (Գմբեթակիր բազիլիկ)
Во облик на крст Etchmiadznatip (Էջմիածնատիպ; literally "Etchmiadzin-type")
Правоаголна со вертикален акцент Oughghagitz karankiun (Ուղղագիծ քառանկյուն)
Радијална Sharavighayin (Շառավիղային)
Кружни Zvartnotsatip (Զվարթնոցատիպ; literally "Zvartnots-type")
  1. Dr. Dickran Kouymjian Архивирано на 3. 11. 2012.
  2. Arts of Armenia, Architecture Архивирано на 31. 12. 2008.
  3. Garbis, Armen (1992). An Architecture of Survival. стр. 71. ISBN 0-9695988-0-7.