Ерих фон Дригалски
Ерих Дагоберт фон Дригалски (германски: Erich Dagobert von Drygalski, Калининград, 9 февруари 1865 - Минхен, 10 јануари 1949) — германски географ, геофизичар и истражувач.
Животопис
[уреди | уреди извор]Дригалски на возраст од 17 години почнал да учи математика и физика во Кенигсберг. Помеѓу 1887 и 1891 година тој бил асистент на геодетскиот институт во Берлин при седиштето на меѓународното мерење во Берлин.
Тој водел две многу значајни експедиции на Гренланд во 1891 и 1893 година, организирани од Берлинското географско друштво. Во 1898 година работел како асистент професор по географија и геофизика. Истата година тој бил член на германската комисија формирана со цел да се истражува Јужниот Пол.
Прва германска експедиција на Антарктикот
[уреди | уреди извор]Од 1901 до 1903 година, Дригалски ја предводел првата германска експедиција на Јужниот Пол. Во експедицијата учествувале 32 лица, од кои пет биле научници.
Дела
[уреди | уреди извор]- Grönland-Expedition der Gesellschaft für Erdkunde zu Berlin 1891-1893, 2 Bde., Kühl, Berlin 1897
- Deutsche Südpolar-Expedition 1901–1903 im Auftrage des Reichsamtes des Innern., 20 Bde. und 2 Atlanten. Berlin, 1905–1931
- Zum Kontinent des eisigen Südens, Verlag Georg Reimer, Berlin, 1904
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |