Енравота

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енравота
Роден(а) 9 век,
Умрел(а) 833
Почитуван(а) во Бугарија
Слава 28 март

Енравота — христијански светец од 9 век.

Енравота бил најстариот син на хан Омуртаг. Според изорите дадени од охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски[1], Енравота паднал под влијание на заробениот византиски епископ Кинам и прифатил од него христијанското крштевање под името Бојан. Поради неговата подршка кон христијанството, тој бил лишен од правото на престолонаследник од својот татко Омуртаг. По смртта на Омуртаг на бугарскиот престол се качил третиот син Маламир (вториот син Звиница веројатно бил починат), во чија лојалност кон татковинските богови Омуртаг не се сомневал.

Според Теофилакт, Енравота го помолил својот брат да му го даде византискиот заробеник Кинам, кој бил во затвор по наредба на Омуртаг, поради одбивањето да се одрече од христијанството, на кое Маламир позитивно му одговорил. Кога сепак дознал дека Енравота станал христијанин по предлогот на Кинам, бугарскиот хан ова го протолкувал како предавство кон старите традиции и го повикал својот брат и му наредил да се откаже од својата нова вера, на кое Енравота му одговорил:

Никој не може да ме одлачи од Христовата љубов, ниту оган, ниту меч, ниту камшици, ниту некоја друга тешка мака...[2]


Откако го чул ова неговиот брат, веднаш дал заповед да биде исечен со меч. Пред да биде погубен, Енравота ги кажал следните зборови:

Таа вера за која јас умирам денес ќе се распространи и умножи по целата бугарска земја, иако вие мислите дека ќе ја ограничите со мојата смрт. Знакот на крстот ќе биде поставен насекаде, Божјите домови повторно ќе се подигаат и чисти свештенослужители ќе му служат на чистиот Бог. И жртви благодарни и исповедни ќе се принесуваат на животворната Троица. А идолите и нивните олтари и нивните скверни храмови ќе се разурнат и ќе се уништат како никогаш да не биле. А и ти самиот по изминувањето на не многу години, лошо ќе ја испуштиш неблагочестивата душа без да се ползуваш со нешто од твојата жестокост...[3]


Енравота бил канонизиран како Светиот маченик Бојан-Енравота, кнез Бугарски[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Българските ханове и царе VII-XIV век“ — Йордан Андреев, Държавно издателство „Д-р Петър Берон“, 1988 г., с.44-45
  2. Житие на Св. 15 Тивериополски маченици на Викиизвор
  3. Житие на Св. 15 Тивериополски маченици на Викиизвор
  4. Житие на Св. мъченик Боян–Енравота, княз Български

Надворешни врски[уреди | уреди извор]