Елонгација

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Елонгација е астрономска појава која го претставува аголот помеѓу Сонцето и некоја планета од Млечен пат, Месечината или некое друго небесно тело виден од Земјата.

Долните планети имаат максимално ограничена елонгација од 18 до 28° за Меркур и од 45 до 47° за Венера.

Горните планети може да имаат елонгација од различни размери, па така, елонгација од 0° се нарекува конјункција, од 90° квадратура и од 180° опозиција.