Елза Скјапарели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елза Скјапарели
Елза Скјапарели
Роден(а)10 септември 1890(1890-09-10)
Рим, Италија
Починал(а)13 ноември 1973(1973-11-13) (возр. 83)
Париз, Франција
ЖивеалиштеПариз
НационалностИталијанка
ЗанимањеМоден творец

Елза Скјапарели (1890-1973) — познат моден творец од Италија. Покрај нејзиниот најголем соперник Коко Шанел, таа е согледана како најважна фигура во светот на модата за време на двете светски војни.

Иако нејзините почетоци претставуваат работа со трикотажа,дизајните на Скиаперели сепак потпаднале под силно влијание на голем број на надреалисти, како нејзините соработници Салвадор Дали и Алберто Гиацомети. Исто така во редот на нејзините клиенти спаѓа и наследничката Дејзи Феловерс и глумицата Мае Вест. Нејзиниот бизнис завршува во 1954 откако Скиаперели не се прилагодува кон промените на модата после Втората светска војна.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Скјапарели е родена во Палазо Корсини во Рим. Нејзината мајка,Марија-Лусија, била аристократа од виското општество додека нејзиниот татко, Целестино Скјапарели, претставувал познат научник и куратор на средновековни ракописи. Тој исто така бил декан на Универзитетот во Рим, како и експер на древни записи. Таа беше внука на астрономот Џовани Скјапарели, кој ги открил таканаречените канали на Марс, таа поминувала многубројни часови со него проучувајќи го небото. Елза учела филозофија во Универзитетот во Рим, и во тој период била објавена нејзината книга со сензуални поеми, книга која била вистински шок за нејзината конзервативна фамилија. Скјапарели била испратена во женски манастир, каде го изразила својот револт со гладување, па на 22 години во Лондон прифатила работа како дадилка. Елза водела префинет живот, благодарение на големите луксузни богаства кои биле дарувани од нејзините родители кои одржувале висок општествен статус. Сепак таа верувала дека оваа луксузна околина предизвикувала загушување на нејзината креативност и уметност, па решително и во многу брзо време се ограничила од таа средина на гламур. Скјапарели се сели во Њујорк, подоцна во Париз, при што станала моден дизајниер, благодарение на нејзината љубов кон уметноста и дизајнот. На патот кон Лондон, Скјапарели била поканета да присуствуа на бал во Париз. Немајќи соодветна свечена тоалета, таа замотала околу себе материјал со сина боја, и со шпенагли го оформила дизајнот. Поголем дел од нејзиното време во Лондон било исполнето со прошетки по музеји, и со присуствување на предавања. Скјапарели прифаќа брак со еден од нејзините професори, Гроф Вилијам Де Вендт Де Керол, познат француско-швајцарски теософт. Во 1921 година тие се преселуват во Њујорк, каде Скјапарели веднаш се поклопува со модерниот тек на овој град. Нејзиниот маж постепено се оддалечува од градот и за време на пристигнувањето на нивното трето дете Марија Луиза тој ја напушта фамилијата. Подоцна Скјапарели се запознава со Габи Пиацабиа, бивша жена на Францускиот Дадаизам уметник Францис Пиацабиа исто така сопственик на бутик во Њујорк каде се продава модерна облека од Франција.

Со нејзиното работење во таа околност, Скјапарели запознава уметници како Марсел Дучам и Ман Реј. Кога Габи и Ман Реј заминуваат од Париз, Скјапарели им се придружува.

Кариера во светот на модата[уреди | уреди извор]

Во Париз, Скјапарели позната меѓу своите пријатели како Скиап, започнала да создава своја облека. Благодарение на Паил Поирет со неговото охрабрување, таа започнува свој бизнис, кој и покрај толку позитивни воодушевувања завршува во 1927 година. Таа лансира нова плетена колекција во раните почетоци на 1927, користејќи специјален спој со шиење на два дела од материјалот(шев), древна техника на Ерменските бегалци, при што биле прикажани џемпери со надреалистични слики во илузорни 3-д димензии. Иако нејзините први дизајни се појавуваат во Вог, нејзиниот бизнис значително расцветува со инспиративниот крој кој создава илузија на марама, замотана околу врат. Во подоцнежните години колекцијата "pour le Sport" се надополнува со опрема за скијање, ленени фустани, и костими за капење. Краткото здолниште, претходник на шорцевите, создаде вистински шок во светот на тенисот, кога Лили Д'Алверз во 1931 за време на Шампионите на Вимбледон го носеше новиот дизајн. Во 1931 година била додадена и вечерна облека како дел од колекцијата, користејќи луксузна свила од Роберт Периер, при што бизнисот напреднувал со впечатлив успех, обележано со преселбата од Руе де ла Паих во реновираниот салон на Маделеине Шеруит на 21 Пласе Вендоме, салонот станал препознатлив како Скиап Продавницата. Почетокот на мрачните времиња се бележи во 1939 година откако Франција објавува војна на Германија. Највпечатливи делови од модната колекција од 1940 година на Скјапарели се кафеавите капути и маскирните принтови на тафетите. Скјапарели заминува на 14 Јуни 1940 година во Њујорк за да присуствува на одредени предавања, освем што поминала неколку месеци во Париз во раната 1941 година, таа сепак до крајот на војната останува во Њујорк. Откако завршува војната, Скјапарели забележува дека модниот свет целосно се сменил, при што најголемо влијание имал новиот изглед на Кристијан Диор, едноставно Скјапарели ја изразила својата несогласеност со овие промени. Нејзината модна куќа одржува извесни борби за опстанок во модниот свет, сè додека во декември 1954 година, Скјапарели решава да ја затвори својата продавница, истата година кога нејзиниот соперник Шанел се воздигнува во светот на модата. На 64 години, таа ја напиша својата автобиографија живеејќи мирно и удобно во нејзниот стан во Париз и куќа во Тунисиа. Таа умира на 13 ноември 1973 година.

Колаборација со уметници[уреди | уреди извор]

Модерната уметност, посебно Дадаизмот и Надреализмот, за Скјапарели претставуваа неисцрплив извор на инспирација. Нејзината соработка со многубројни современи артисти создал постојан развиток на иманигативни дизајни, при што соработката со Салвадор Дали е исклучително забележлива. Најзабележливите дизајни на Скјапарели биле создадени токму благодарение на нејзината соработка со познатите уметници. Во прилог на добро документирани соработки, како што се чевлата-шапка и фустанот-солзи, влијанието на Дали се идентификува во некои од следниве дизајни- шапката:јагнето-шницла, и костумот дизајниран во 1936 година чии џебови наликуваат на мали фиоки. Скјапарели исто така имала одлична поврзаност со останати уметници, на пример- Леонор Фини, Жак Кокто, Мерет Опенхием и Алберто Џакомети. Позната Шанел честопати ја опишува Скјапарели со следниве зборови- Италјанската уметничка душа, која создава облека.

Кокто[уреди | уреди извор]

Во 1937 година, Скјапарели соработува со Жан Кокто, уметник кој ќе и помогне во создавање на јакна и вечерно палто за годинешната есенска модна колекција. Јакната е извезена со женска фигура чија рака ја милува половината на носителот додека нејзините руси локни занесно ја исполнуваат должината на едниот ракав. Свеченото палто содржи две профили на личности, чија симетрија создава илузија на вазна со рози. Везењето на двете облеки било извршено од познатите кројачи на високата мода Лесаге.

Фустанот Јастог[уреди | уреди извор]

Во 1937 година бил создаден фустанот Јастог, едноставен бел свилен фустан, со црвено-розов колан на половината, при што на здолништето од фустанот главен детал претставувал насликаниот розов јастог (од Дали). Од 1934 година, Дали почнува да воведува морски ракчиња во неговите дела, вклучувајќи ја творбата - Сон во Њујорк -Човек наоѓа јастог на местото на телефонот, прикажано во списанието Американски неделник во 1935 година, како и мултимедијалената творба Телефон од јастог (1936). Неговиот дизајн за Скјапарели бил пренасочен во испечатена верзија на ткаеината со помош од водечката дизајнерка за свила Саше. Фустанот бил носен од познатата Волис Симпсон за време на фотосесија во замокот Канде, откако Симпсон официјано станала жена на Едвард VIII.

Фустанот Солзи[уреди | уреди извор]

Фустанот-Солзи, силуетна бледо сина тоалета, означена со дизајн на Дали при што се користела позната уметничка техника тромп леј (оптичка мамка на тридимензионалност) прикажувајќи распарен материјал и солзи, оваа творба се комбинира со долг превез од "вистински" солзи внимателно отсечени и наредени во розова и магента боја, дел од февруарската модна колекција 1938, колекција наречена Циркус. Целта на принтот е да се создаде оптичка мамка на распарано животно, при што солзите го претставуваат крзното на животното, односно сугерираат дека фустанот е создаден од испревтена животинска кожа. Фигури во распарени прилепени облеки што сугерираат живодер се среќаваат во три уметнички слики на Дали од 1936 година, од кои сликата со наслов Пролета на некрофилијата била во сопственост на Скјапарели, останатите две слики се именувани како- Сонот го потпре рамото на човекот и Трите млади надреалистични жени кои во нивните раце ја носат кожата на оркестар.

Фустанот Скелет[уреди | уреди извор]

Дали исто така учествува во дизајн[1] ирањето на Фустанот-Скелет на Скјапарели за Циркус Колекцијата. Црни дијаметрален креп фустан, при што со користење на trapunto quilting биле создадени црти што налкуваат на ребра, рбетен столб и коските од екстремитетие.

Капата Чевел[уреди | уреди извор]

во 1933 година, Дали бил фотографиран заедно со Гала Дали неговата жена која носела капа во облик на штикла. Дали во 1937 година го создал овој дизајн за Скјапарели, при што оваа капа станала значаен дел од колекцијата есен-зима 1937-38 година.

Парфеми[уреди | уреди извор]

Парфемите на Скјапарели биле впечатливи благодарение на невообичаениот дизјан на пакувањата и шишињата. Најпознатиот парфем Шокантно бил создаден во шише кое што наликувало на женствено торзо создадено од Леонор Фини, чија инспирација била потикната од Мае Вест како и од продавачките на цвеќиња прикажани во сликите на Дали.[2][3] Пакувањето кое исто така било дизајнирано од Фини, било претставено во највпечатливата боја на Скјапарели а тоа е розовата, при што се вели дека инприцаијата за таа одредена боја била пронајдена во розовиот дијамант на Дејзи Феловер..[4]

Останатите парфеми на Скјапарели:

  • Чао (1934)
  • Грижа (1934)
  • Скиап (1934)
  • Спиење (1938)
  • Кралот на сонцето (1946)
  • Замолчи (1948)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. елза иана
  2. Webb, Peter, Une Grande Curiosité, Архивирано од изворникот на 2010-12-16, Посетено на 2010-05-02
  3. Perfume Intelligence - The Encyclopaedia of Perfume: Volume S : Schiaparelli, Elsa, Посетено на 2012-01-16
  4. Owens, Mitchell (1997), „Jewelry That Gleams With Wicked Memories“, The New York Times (објав. 1997-04-13), Посетено на 2012-01-16