Прејди на содржината

Елза Ешелсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елза Ешелсон.

Елза Олава Кристина Ешелсон (шведски: Elsa Olava Kristina Eschelsson; 11 ноември 186110 март 1911) — првата жена што се стекнала со титулата доктор на законите (juris utriusque doctor) и првата жена што се здобила со академската позиција доцент на шведски универзитет, но ѝ било ускратено правото да служи како професор поради нејзиниот пол.

Ешелсон била прва жена адвокат во Шведска. И покрај нејзините извонредни успеси на академијата, таа во текот на нејзината кариера постојано наидувалa на отпор затоа што била жена. Академскиот суд се погрижил граѓанското право, кое било една од главните специјалности на Елза, да не биде вклучено во уставниот амандман со кој им се дозволува на жените адвокати да работат и во својство на професорки.

Наследството што Елза го оставила, во износ од повеќе од 3 милиони денешни шведски круни, било наменето за фонд за стипендии за жени студенти по право. Секоја година, во нејзина чест правниот факултет на Универзитетот во Упсала го слави денот на Елза Ешелсон.

Починала во 1911 годин [1] од предозирање со прашок за спиење.

  1. „Women in Uppsala University history“. Упсалски универзитет. Архивирано од изворникот на October 24, 2017. Посетено на October 24, 2017.