Прејди на содржината

Елена Березович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елена Березович

Елена Лвовна Березович (руски: Елена Львовна Березович, р. 1966) — руски јазичар која во Русија и пошироко е позната по нејзината работа од областите на ономастиката, етимологијата и етнолигвистиката. Таа е професор во Одделот за руски јазик и општа лингвистика при Уралскиот федерален универзитет во Екатеринбург, професор на Руската академија на науки и нејзин член-кореспондент.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Березович е родена во Екатеринбург во 1966 година. Дипломирала во 1988 при Уралскиот државен универзитрет. Во 1992 година го одрбранила докторатот на тема „Семантички микросистеми во руската топонимија“. Подоцна станала прфесор на Филилошкиот факултет при Уралскиот државен универзитет. Од 2006 година таа е истражувач-соработник на Институтот за руски јазик во Москва.

Публикации

[уреди | уреди извор]

Позначајни нејзини публикации се:

  • Руска топонимија од етнолингвистичка перспектива. Екатеринбург, 2000.
  • Јазик и традиционална култура: етнолингвистички истражувања. Москва, 2007.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]