Ектенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руски православен ѓакон пее ектенија. Забележете го орарот, чиј крај го крева ѓаконот по секоја молба.

Ектенија[1] (од грчки: ἐκτενής; буквално, „вредност“) — низа од молитви во источните православни и византиските католички богослужби.

Ектенијата обично се пее од ѓакон, а хорот или присутните ги пеат одговорите. Додека ја завршува секоја молитва, ѓаконот го крева крајот на својот орар и се прекрстува, ако нема ѓакон што служи, молбите ги упатува свештеник.[б 1] За време на многу ектении, свештеникот тивко ја кажува молитвата.[б 2] По последната молитва на ектенијата, свештеникот кажува екфонеза која, кога се кажува тивка молитва за време на ектенијата, е неговата последна фраза.

Кога нема свештеник присутен за време на канонските часови, не се пее ектенија, туку чтецот ја заменува со зборовите „Господи, помилуј“, три, дванаесет или четириесет пати, во зависност од тоа која ектенија се заменува.

Преглед[уреди | уреди извор]

Главните облици на ектенија се:

  • Голема ектенија (словенски: Ектения великая):
    Така се нарекува не само поради нејзината должина, туку и поради нејзината важност, приближувајќи се кон почетокот на големите богослужби како што се Божествена литургија, утрена, вечерна, крштение, света вода, итн. Оваа ектенија се нарекува и Ектенија на мирот словенски: Мирнаѧ Ектенїѧ) заради воведната молитва: „Во мир да Му се помолиме на Господа“.
  • Прозидбена ектенија (словенски: Ектения просительная):
    Така се нарекува затоа што повеќето молби завршуваат со зборовите на ѓаконот: „...да побараме од Господа“, на што хорот одговара: „Дај, Господи“. (словенски: Подаи, Господи.)
  • Сугуба ектенија (словенски: Ектения сугубая) понекогаш и Царска ектенија, Зголемена ектенија, Жестока ектенија:
    Оваа ектенија е извонредна поради жарот пренесен во молитвите и звучно слушнат во одговорите, како што укажува трикратниот одговор на хорот, „Господи, помилуј“ (трипати). На божествената литургија, оваа ектенија може да се надополни и со посебни молитви, според потребата, како што смета свештеникот.
  • Мала ектенија (словенски: Ектения малая):
    Тоа е скратена верзија на големата ектенија, има две прозби и возглас на крајот. Се појавува во пишаните документи уште од IV век. Се изговара на вечерната, утрената и на литургијата, како и на другите богослужбени чинови.
  • Ектенија на огласените (словенски: Ектения об оглашаемых}}):
    На Божествената литургија, со оваа ектенија традиционално завршува делот од богослужбата на кој им било дозволено да присуствуваат катихумените. Оваа литија е составена од неколку молби за катихумените додека се подготвуваат за крштевање, а завршува со отпуштање на катихумените и (во постаро време) затворање на вратите на храмот за сите, освен крстените членови во добра состојба.
  • Ектенија на верните (словенски: Ектения о выходе оглашенных ):
    На божествената литургија има еден пар од нив по распуштањето на катихумените и започнување на Литургијата на верните, додека преостанатите се подготвуваат за тајната на Светата причест. Овие се единствени по тоа што ѓаконот извикува: „Мудрост!“ пред свештеникот да ја каже екфонезата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 35.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. A few litanies are prescribed to be intoned by a priest, such as the ones at the end of compline and the midnight office and those used at the laying-on of hands (ordination) of a priest or bishop.
  2. When no deacon is serving, the response to the last petition is typically prolonged to give the priest time to finish the prayer.