Езерски поети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Езерски поети (англ. Lake Poets) се група поети кои живееле во Езерскиот Крај на Англија на почетокот на XIX век. Групата била своевидна книжевна „школа“ чии членови имале заеднички ставови. Нивните трудови биле остро напаѓани во списанието Edinburgh Review („Единбуршка ревија“). Овие поети се сметаат за важен дел од Романтизмот.

Дов Котаж (Покрај градот Грејсмер) - куќата на Вилјам и Дороти Вордсворт, 1799-1808; дом на Томас Де Квинси
Thomas De Quincey, 1809-1820

Тројцата клучни поети во школата биле Вилијам Вордсворт, Семјуел Тејлор Колриџ и Роберт Саути. Со нив твореле повеќе други поети и писатели како Дороти Вордсворт, Чарлс Лојд, Хартли Колриџ, Џон Вилсон и Томас Де Квинси.

Убавините на Езерскиот Крај претставувале инспирација за многумина други поети. Тука можат да се вбројат Џејмс Пејн, Брајан Проктер, Фелиција Хеманс и Валтер Скот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • De Quincey, Thomas. Recollections of the Lakes and the Lake Poets. Edited by David Wright; New York, Penguin, 1970.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]