Еврабија
Еурабија (анг. Eurabia), сложенка од англиските зборови за "Европа" (Europe), односно ЕУ и "Арабија" (Arabia) — политички неологизам кој се однесува на потчинувањето на Европа од арапскиот свет, поради наводната капитулација на европските водачи пред исламските влијанија и/или континуираната имиграција и високиот природен прираст на муслиманите во Европа.
Терминов го има популаризирано британската писателка со еврејско потекло Бат Је’ор, особено во нејзината книга Еурабија: Евро-Арапската оска (2005), која се однесува на евро-арапските домашни и надворешни политики кои таа ги карактеризира како антиамерикански и антиционистички.[2]
Овој термин често се користи со "димитуд," (франц. dhimmitude) втор неологизам воведен од Је’ор, што означува став на попуштање или капитулација пред исламот.
Ди Економист го има оценето концептот на Еурабија како сеење страв. .[3] Мет Кар напиша дека „она што започна како забегана теорија на заговор стана опасна исламофобна фантазија".
Првото академско дело кое сезанимава со тезата на Еурабија е Интегрирање на исламските политички и религиозни предизвици во современа Франција, од научниците Жастин Вас и Џонатан Лоренс[4]. Како што вели проф. Лоренс:
Оние кои го користат терминот 'Еурабија' замислуваат еден мутантски европски континент кој под притисок на земјите-производители на нафта и ордите на арапски имигранти скоро целосно ги напуштил своите вредности. Нашата книга се обидува да го растури ова тврдење преку испитување на реалната еволуција на француските политики кон муслиманите и организираниот ислам, почнувајќи од седумдесеттите. Се обидуваме да ја побиеме една од лажните премиси на 'Еурабија', дека француските и европските влади, поради мултикултурните политики полни со омраза кон себеси, капитулирале пред културните и религиозни барања на муслиманите.
Жастин Вас вели дека со книгата се разоткриваат "четири митови на алармистичката школа." Користејќи го примерот на исламот во Франција, тој вели:
- Муслиманското население не расте толку брзо како што тоа го опишува сценариото, оти стапката на плодност на имигрантите опаѓа
- Муслиманите не се монолитна или кохезивна група
- Муслиманите се трудат да се интегрираат политички и општествено
- Наспроти нивниот број, муслиманите имаат мало влијание на надворешната политика (на пр. кон Израел)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Pew Forum, 2011-01 report
- ↑ 'Eurabia' Defined, Andrew G. Bostom, American Thinker, 15 ноември 2005
- ↑ „Tales from Eurabia“. The Economist. June 22 2006. Посетено на 19 декември 2008.
Интеграцијата ќе биде напорна задача за сите засегнати. Но во моментов перспективата за Еурабија изгледа како ширење страв.
Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Jonathan Laurence и Предлошка:Link-interwiki, Integrating Islam Political and Religious Challenges in Contemporary France Архивирано на 5 декември 2009 г., Washington, DC, Brookings Institution Press, 2006, ISBN 0-8157-5151-6
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- An unhelpful way to look at Islam in Europe, The Economist, 2006-06-22, исто така види неговата насловна корица Архивирано на 1 јули 2006 г. Архивирано на 1 јули 2006 г. (Ајфеловата кула со фотошопирана исламска полумесечина на врвот)
- Britain's Growing Ethnic Division, BBC video and transcript, 2007-05-07
- Bruce Thornton, The Civilization of Dhimmitude Архивирано на 5 март 2012 г., 2005-03-26.
- Simon Kuper, The Crescent and the Cross Архивирано на 8 декември 2009 г., Financial Times, 2007-11-10
- Thomas Jones, Short Cuts: How to concoct a conspiracy theory Архивирано на 30 септември 2007 г., London Review of Books, July 2005
- Christopher Caldwell, Islamic Europe? Архивирано на 4 јануари 2020 г., The Weekly Standard, 2004-10-04
- William Underhill, Why Fears Of A Muslim Takeover Are All Wrong Архивирано на 17 септември 2009 г., Newsweek, 2009-07-20
- Conversations with History: Mark Steyn, University of California Television, 2007-05-28
- Simon Kuper, Immigrant Muslims in Belleville, Financial Times, 2009-10-02
- Исламофобијата наспроти реалноста[мртва врска], блог Развигор ;-), 2009-10-05
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |