Дувачки квинтет „Арт“
Изглед
„Арт“ — македонски дувачки квинтет, основан во 1994 година по иницијатива на група музичари и со поддршка од проф. Киро Божиновски.
Состав
[уреди | уреди извор]Квинтетот „Арт“ го сочинуваат:[1]
- Ване Аревски (флејта)
- Татијана Петрушевска — Караскаковска (обоа)
- Здравко Ангелов (кларинет)
- Горан Јанев (хорна)
- Васко Караскаковски (фагот)
Творештво
[уреди | уреди извор]Квинтетот „Арт“ редовно се појавува на музичките манифестации што се организираат во Македонија, а исто така одржува и самостојни концерти. Неговиот репертоар го сочинуваат дела од сите стилски епохи, а посебно место заземаат делата на македонските автори. Покрај концертните настапи, квинтетот има направено повеќе снимки за МРТВ.[2]