Државен социјализам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Државен социјализам ― облик на организација на општеството каде што државата непосредно ги регулира основните видови на општествено-економскиот живот.[1]

Основни одлики[уреди | уреди извор]

Неговите основни одлики се:[1]

  • укинување на приватната сопственост по пат на национализација
  • принудно администраативно регулирање на понудата и побарувачката на пазарот
  • централистичко државно планирање во стопанството (и во други дејности)
  • силна концентрација на власта во рацете на највисоките органи на државата
  • превласт на една идеологија и слично.

Во својот најизразит облик (административно-централистички, етатистички социјализам) опстојувал во ФНРЈ и НРМ од 1945 година до Шестиот конгрес на КПЈ-СКЈ (1952 година), кога декларативно е променета улогата на КПЈ од раководна во водечка индејно-политичка сила, со диригирано воведување на самоуправувањето и прогласување на општествената сопственост над средствата за производство. Основна одлика е тоа што во реалноста поимот „општествена сопственост“ е изедначуван со поимот „државна сопственост“, со што на општествената сцена функционирал концептот на административно-бирократско одлучување за сите прашања на општествено-економската репродукција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 164–165. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)