Драколимни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драколимни
Драколимни - Панорама на Драколимни на Тимфи. Во заднината се гледаат врвовите Плоскос (во средината) и Астрака (десно)
Панорама на Драколимни на Тимфи. Во заднината се гледаат врвовите Плоскос (во средината) и Астрака (десно)
Координати 39°59′38,84 N°20′47
Најг. длабочина 4,95 м
Надм. височина на површината 2.050 м


Драколимни (грчки: Δρακολίμνη, во превод Змејски Езера) – две планински езера со исто име на соседните планини Тимфи и Смолика, јужен Епир.

Пред 10-15 илјади години, заради повлекувањето на ледниците, во Европа се појавиле илјадници езера. Во денешна Грција околу 60 такви езера, од кои само триесетина се со површина поголема од 1 км2. Топењето на снегот на Пинд продолжува до јули.

Тимфи[уреди | уреди извор]

Драколимни на Тимфи се наоѓа на надморска височина од 2.050 м, среде алпски ливади, северозападно од врвовите Плоскос (2377 м), североисточно од врвот Астрака (2436 м) и на запад-северозапд од врвот Камила (2497 м). Од манастирот Стомиу пешки се стигнува за 3,5 часа. Од колибата Астрака се наоѓа на 1 час пешки, а од селото Микро Папинго на 4 часа. Езерото е познато по алпските мрморци кои го населуваат. Површината му е околу 1 хектар, а длабочината 4,95 м.

Смолика[уреди | уреди извор]

Драколимни на Смолика се наоѓа на надморска височина од 2.150 м, западно од истоимениот врв Смолика (2637), највисок на втората по височина планина во Грција. Смолика се наоѓа на неколку километри северно од Тимфи. И ова езеро го населуваат алпските мрморци. Езерото има срцевиден облик, површината му е 3-4 декара, обиколката му е 375 стапки. Уште се нарекува Линга, а на влашки Дивирлинга.

Панорама

Име[уреди | уреди извор]

Името на езерата произлегуваат од локални фолклорни легенди, според кои во областа отсекогаш војувале змејови (дракони), користејќи притоа дрвја и камења кои создаваат посебен пејзаж на месноста. Во областа на езерото како и во соседното Мало Змејско Езеро, живее алпскиот тритон кого месното население го нарекува „змеј“ или „дракон“. Големото и Малото Езеро се разделени со дел од националниот парк Високо-Војуша.