Драга Божинова
Драга Божинова | ||
Роден | 1923 година Горно Соње, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 13 ноември, 1944 година Скопје, германска воедна управа |
Драга Стојанова Божинова ( 1923 во Горно Соње, Скопско — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од работничко семејство. Пред заминувањето во партизани била ученичка во трговското училиште. Во СКОЈ била примена 1943 година, а нешто подоцна била избрана и за член на училишниот комитет на СКОЈ. На 7 септември 1944 година, стапила во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Била распоредена во Вториот баталјон. Секогаш се одликувала со скромност и дисциплинираност. Поради тоа, била мошне почитувана. Се истакнала и како храбар борец. Активно учествувала во сите борби што Бригадата ги водела против Германците и балистите во Скопско. Иако била веќе избрана за санитетски референт, постојано се наоѓала во првите борбени редови и со личен пример придонесувала во подигањето на борбениот морал. Во борбите за ослободувањето на Скопје, зела активно учество и загинала при извлекување на еден ранет борец, од рафалот на германскиот митралез „Шарац". Бил закопана на скопските гробишта во Бутел.[1]