Дон Карлос (Шилер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дон Карлос — историска трагедија во пет чина напишана од познатиот германски автор Фридрих Шилер. Ова дело било напишано помеѓу 1783 и 1787 година и за прв пат било испечатено во Хамбург во 1787 година. Главен лик во трагедијата е Карлос, принц на Астуријците и делото е напишано врз основа на вистински историски настани кои се случиле во шеснаесетиот век за време на владеењето на шпанскиот крал Филип II. Дон Карлос е една од најпознатите Шилерови драми.

Истакнати ликови во делото[уреди | уреди извор]

  • Филип II, шпански крал
  • Елизабета од Валоа, негова жена
  • Дон Карлос, принц и син на Филип
  • Александар Фарнезе, принц на Парма
  • Клара Евгенија, тригодишно девојче
  • војвотката од Оливарез, прва дворска дама

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Протагонист, односно главен лик во делото е принцот Карлос од Астурија, син и наследник на кралот Филип II, кој на крај завршува во затвор, а неговиот татко се жени со неговата вереница, француската принцеза Елизабет. Во драмата Карлос е прикажан како романтичен јунак и слободољубив бунтовник кој се буни против својот татко, како и против општеството.

Познати опери засновани на делото[уреди | уреди извор]