Донос Холерис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Донос Холерис
Αντίγονος Χολέρης.jpg
Роден ?
Баница, денес Грција
Починал 1913
Баница, денес Грција

Донос или Антигонос Холерис (грчки: Δόνος, Αντίγονος Χολέρης) бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Биография[уреди | уреди извор]

Споменик на Доно во Баница.

Донос Холерис е роден во леринското село Баница, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во родното село, во тамошното грчко училиште, а школувањето го продолжил на Големата народна школа во Цариград.

Во јуни 1907 година неговиот дедо Трифон Холерис бил убиен на селскиот плоштад од дејците на Македонската револуционерна организација. По оваа убиство Донос Холерис станал андарт во четата на Ставро Кочев. Подоцна соработувал и со андартскиот капетан Николаос Андрианакис.

Во 1908 година ја напуштил Македонија и заминал за Атина, а во 1910 година со сопствена чета се вратил назад. Во 1911 година го ликвидирал револуционерот Стати Стојан Тасев[1].

Во текот на Првата балканска војна учествува во борбите против Турците, а во Втората балканска војна формирал група која имала за цел, пронаоѓање и уништување на четите на ВМРО во реонот.

Донос Холерис во јули 1913 година загинал во борба со четата на Васил Чекаларов[2][3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. В гръцкия източник Στάτε Στόγιαν Τάσεφ
  2. Στέργιου Τριανταφυλλίδη, Ιστορικά Βεύης, Φλώρινα 1958, σσ. 24 - 32
  3. Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σ. 167