Доне Чапарев
Изглед
Доне Чапарев е роден на 4 јуни 1949 година во Струмица, починал во 17 ноември 2000 година, во Струмица поет, драмски писател.
Животопис
[уреди | уреди извор]Доне Чапарев е роден во Струмица, каде што завршил основно и дредно училиште. Дипломирал на Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар во Центар за радио и новинарско-издавачка дејност во Струмица, а потоа се префрлил во Скопје каде што работел во издавачко претпријатије „Југоскоп - Ревија Бизнис“ во Скопје. Зад себе оставил повеќе книги поезија, детска поезија, и драми. Бил член на Друштво на писатели на Македонија од 1976 година[1].
Дела
[уреди | уреди извор]- Живи сенки - поезија, 1972 година;
- Вечерни патувања - поезија, 1975 година;
- Живи огништа - поезија, 1976 година;
- Витрина полна со детски итрини - поезија за деца, 1977 година;
- Благој Мучето - драма. 1977 година;
- Воздушни балончиња - поезија за деца, 1978 година;
- Тајна магија на ѕидот - поезија, 1996 година;
- Сенарник, поезија, 1998 година;
- Исповед на Самоил, поезија, 1999 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004, ISBN 9989-855-07-2