Прејди на содржината

Домот на ловецот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Домот на ловецот
Холандски: Jagerswoning
Творец Хенри Вордекер
Година 1826
Димензии 62 см × 78 см
Место Државен музеј, Амстердам

Домот на ловецот (холандски: Jagerswoning ) е слика во масло од 1826 година на белгискиот уметник Хенри Вордекер. Сликата прикажува ловец дома, опкружен со животни и членови на неговото семејство; типично жанрско сликарство. Се наоѓа во колекцијата на Државниот музеј во Амстердам.

Во типичен бидермаерски стил неговите теми се карактеризираат со засилени чувства на сигурност, традиционална едноставност, прикажувајќи сентиментален поглед на светот.[1]

Сликата прикажува семејство на вратата од нивниот дом. Живеалиштето е изградено со тули, а околу заоблената камена врата се извива лоза. Мајка со дете седи пред млад човек во ловечка облека со куче (можеби холандско еребица) и ловечки пиштол. Кокошките и гулабите се на скалите пред вратата; една страчка е во кафез покрај вратата, а повеќе гулаби околу гулабарник лево.[2] Лево од скалите стои друго дете, и млада жена која перела алишта, со бела крава со рогови во штала најлево. Десно од вратата е второ куче на синџир, разни домашни саксии и тави на покривот на дрвена одгледувачница или кокошарник и саксиско растение со мали црвени цветови (можеби мушкатла) на полицата на прозорецот.

Потпишана и датирана „Х. Вордекер направено 1826година“ и е со димензии 62 на 78 сантиметри (2,03 cm × 2,56 cm). Била купена од Државниот музеј во Амстердам во 1828 година [2]

  1. „klassizismus-romantik-biedermeier“. www.belvedere.at. Архивирано од изворникот на 2016-01-10. Посетено на 2018-08-03.
  2. 1 2 „Jagerswoning“. www.rijksmuseum.nl.