Прејди на содржината

Доверливост

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Доверливост е етички принцип сврзан со неколку професии (на пр. медицина, право). Во етиката, и (во некој случаи) во правото и алтернативни форми на легална резолуција како што е посредувањето, некои водови на комуникација помеѓу личност и некои од овие професионалци се “привилегирани” и можеби нема да се дискутирани или разоткриени за трети лица.

Доверливост на информација, спроведена во адаптацијата на воени класични "треба да се знае" принципи, претставува камен-темелник на безбедноста на информациите во денешните коорпорации. Таканаречениот 'балон на доверливост' забранува проток на информации, со позитивни и негативни последици.[1]

Легална доверливост

[уреди | уреди извор]

Адвокати се најчесто барани од правни аспекти да ја зачува доверливоста која се однесува на претставување на клиентот. Должноста на доверливост е многу поголема отколку застапник/клиент привилегии, која само ја покрива комуникацијата помеѓу застапникот и клиентот.

И привилегијата и должноста како намена имаат за охрабрување на клиентите да зборуваат искрено за нивните случаии. Со ова, адвокатите ќе ја остварат својата должност и да го снабдат клиентот со солидна одбрана. Во спротивно, противничката страна да го изненади адвокатот на суд со нешто што тој не го знаел за својот клиент, и тоа може да ја ослаби моменталната позиција на клиентот. Исто така, недовербата на клиентот доведува до криење на важни факти кои тој ги смета за инкриминирачки, но кои искусен адвокат може да ги претвори во предност за неговиот клиент(на пример, афирмативна одбрана како самоодбрана).

Како и да е, повеќето области прават исклучок во ситуации каде адвокатот верува дека неговиот клиент убил или сериозно повредил некој, може да доведе до значителни промени во финансискиот интерес или сопственост на другиот, или го користи (или бара да се искористи) адвокатските услуги за да се изврши криминал или превара.

Во такви ситуации адвокатот има право на молк, но не и обврска, да ги открие информациите за да се спречи планираната акција. Поголемиот дел од државите имаат верзија на закон за дискреционо откривање, Закон за професионално однесување, Закон 1.6 (или соодветен).

Неколку области имаат создадено традиционално задолжителна дискрециска обврска. На пример, Њу Џерси и Вирџинија имаат Закон за професионално однесување, Закон 1.6.

Во некој области адвокатот мора да го убеди клиентот да се соочи со неговото или нејзиното дело во одредени граници на правото пред откривање на други доверливи информации.

Како забелешка во вакви исклучоци генерално не се покрива криминал кој е веќе сторен, дури и во ектремни случаи каде убијците признале за локацијата на исчезнатите тела на нивните адвокати но полицијата сè уште бара за нив. Врховниот суд во Америка и многу други врховни судови имаат одобрено закон за адвокатите да задржат ваков вид на информација во такви ситуации. Во спротивно, ќе биде невозможно за бранителот на криминалецот да создаде солидна одбрана.

Калифорнија е позната по тоа што имала еден таков случај со најтешки обврски за доверливост во светот; адвокатите мора да ја заштитат довербата на клиентот во "секаква опасност за него или неа". Сè до амадмантот во 2004, Калифорниските адвокати не им беше дозволено да задржат информација дека нивниот клиент ќе извршел убиство.

Новото законодавство во Велика Британија ги обврзува доверливоста кај професионалците како адвокати и сметководители може да се чува на ниво на држава. Сметководителите, на пример, обврзани се да пријават на државата каква било сомнителна активност во сметководството и, дури, легитино користење на шеми за плаќање на данок ако тие шеми веќе не се знаат од овластените даночници.

Историја на законот за доверливост во Ангија

[уреди | уреди извор]

Модерниот закон за доверливост во Англија е покренато од пресудата на Lord Chancellor, Lord Cottenham,[2] во кое тој забрани на бранителот јавно да објави каталог од приватните Гравури направени од Queen Victoria и Prince Albert (Prince Albert v Strange).

Но како и да е, основите за доверливост остануваат неистражени во голем број сè до случајот на Saltman Engineering Co. Ltd. v Campbell Engineering Co. Ltd.,[3] во кој Court of Appeal задржување постоење на правична доктрина за доверба, независна од договорот.

Во Coco v A.N.Clark (Engineers) Ltd [1969] R.P.C. 41, Megarry J развиле влијателна tri-partite анализа на важните состојќи како последица на кршење на довербата: информацијата мора да биде доверлива, со што се дава обврска за доверливоста, и мора да има неавторизирано користење на тие информации да нанесат штета на комуникацијата помеѓу присутните.

Законот во сегашната состојба се развива и е авторизиран од Lord Goff во Spycatcher случај.[4] Тој открил три квалификациски огрничувања во оновните принципи што обврската за доверливост кога доверливи информации се дознаени од личност (доверителот) во улову каде тој забележал дека информацијата е доверлива, со што тој ја има задржано информацијата за условите да не се променат и за заштита од останатите. Прво, еднаш кога информацијата е влезена во јавноста, не може веќе да се смета како доверлива. Второ, обврската за доверливост важи исто така и за некорисни информации, дури и тривијални. Трето, јавните интереси во разгледувањето на доверливи информации може да биде потиснато од појаќи јавни интереси кои бараат задржување.

Со додавање на семеен закон во Член 8 од Европска конвенција за човекови права]] од [[Човекови права 1998 довело до значајни промени во развојот на англискиот закон за доверливост. Членот 8 вели дека секој има право на почитување на приватноста и семејниот живот, неговиот дом и неговата кореспонденција. Во Campbell v MGN Ltd,[5] Британскиот парламент задржал дека Daily Mirror ја нарушиле правото на приватноста на Naomi Campbell со објавувањето на документи и слики од нејзините состаноци во Narcotics Anonymous. Иако лордовите беа поделени 3-2 во однос на резултат од жалбата и прифатија мала преформулација на веќе постоечкиот принцип, и широко е прифаено дека, во случаии на доверливост каде што се вмешани проблеми од приватноста, фокусот е поместен од природата на врската на тучителот и бранителот кон (а) испитување на природата на самата информација и (б) балансирање помеѓу правата на тучителот под Член 8 и правата на бранителот за слобода на говорот(Член 10).

Останува неразјаснето како е проширен и што судијата сменил како развиток на дел од законот за приватност ќе се вметне како дел од принципите на доверливост како традиционално разберени.

Доверливост во медицината

[уреди | уреди извор]

Доверливоста најмногу зазема место во разговорите помеѓу доктор и пациент. Легано е заштитено докторите да откриваат какви било дискусии со нивните пациенти, дури и во суд.[6] Овој [[однос доктор-пациент]] важи ако се поделени тајни помеѓу пациентот и докторот доколку сè уште се извршува медицинска нега на таа личност.[6]

Ова правило датира од Хипократова заклетва, која гласи: Било што, во врска со моите порфесионални услуги, или што не е во врска со нив, било што што слушнам или видам, во животот на човекот, што сум се заколнал дека нема да го зборувам наоколу, нема да го откријам, и како милсење дека тоа треба да биде чувано во тајна.

Традиционално, етиката во медицината обврската за доверливоста ја гледа како принцип за кој не треба да се дискутира во медицинската пракса.

Доверливоста е под надзор на Америка од HIPAA законите, поточно законот за приватност, и различни државни закони, некои поригорозни од HIPAA. Како и да е, голем број на исклучоцина законите биле одстранети со тек на годините. На пример, во многу Американски држави задолжително е медицинските лица да пријават прострелни рани на полицијата и возачи со нарушени способности во Оделот за Моторни Возила. Доверливоста е исто така доведена на работ во случај на сексуално пренослива болест на пациент кој одбива да ги открие своите диагнози на својот брачен партнер, и абортус на малоетни трудници, без знаење на родителот. Многу држави во Америка имаат закон за пријавување и обавестување на родителите во случај на малолетничка абортација.[7]

Доверливост во клиниките и психолошки советувања

[уреди | уреди извор]

Етичките принципи за доверливост налага информацијата која е поделена помеѓу терапевтот и пациентот за време на третманот да не се дели со други. Ова е важно за Терапевтскиот сојуз, кое го промовираат како услов на доверба. Но постојат и важни исклучоци, имено каде што доаѓа до конфликт со клиничките duty to warn или duty to protect.Ова вклучува случаи на самоубиствено однесување или убиствени планови, злоупотреба на деца, злоупотреба на постари и одреден вид на возрасна злоупотреба. [8]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  1. Harwood, I.A. (2006). Confidentiality constraints within mergers and acquisitions: gaining insights through a 'bubble' metaphor, British Journal of Management, Vol. 17, Issue 4., 347–359.
  2. Prince Albert v Strange (1848) 1 Mac. & G. 25
  3. Saltman Engineering Co. Ltd. v Campbell Engineering Co. Ltd. (1948) 65 R.P.C. 203
  4. Attorney-General v Observer Ltd [1990] 1 A.C. 109
  5. Campbell v MGN Ltd [2004] 2 A.C. 457
  6. 6,0 6,1 Dr. Coburn's Peculiar Privilege, Oct 2, 2009
  7. „Notification Laws“. Архивирано од изворникот на 2009-04-29. Посетено на 2012-02-28.
  8. More recently, the confidentiality laws have been changed so that doctors and nurses are under strict penalties if confidentiality is broken.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Confidentiality Архивирано на 23 март 2010 г.