Диого Дијас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диого Дијас
НационалностПортугалец
ЗанимањеИстражувач од 15 век
Познат(а) поПрва португалска експедиција до Бразил и Индија

Диого Дијас, познат и како Диого Гомес, бил португалски истражувач од 15 век. Тој бил брат на Бартоломео Диас и открил дел од островите кај Зелен ’Рт заедно со Антонио Ноли.

Во служба на де Гама[уреди | уреди извор]

Бродот на Диого Дијас

Во 1497 година, во првата португалска експедиција на Армадас во Индија, Диого Дијас служел како службеникна бродот Сао Габриел, со знамето на Васко де Гама. Дијас бил еден од главните преговарачи меѓу Гама и Заморин од Каликут, но за кратко време бил одведен во затвор од Заморин кога преговорите станале спорни.

Во 1500 година, Диого Дијас бил дел од втората армада на Педро Алварес Кабрал како еден од капетаните на флотата, со задача за отворање трговија во Софала. Диого Дијас бил еден од првите што заминал на брегот при откривањето на Бразил во април 1500 година.

Нови води[уреди | уреди извор]

За време на експедицијата долж ’Ртот на Добрата надеж (Диого првично го нарекол ’Рт на невремето) со Педро Алварес Кабрал и неговиот брат, бродот на Дијас се одвоил од главната флота за време на преминувањето на ’Ртот на Добрата надеж (бродот на неговиот брат бил изгубени за време на тој премин). Бродот на Дијас запловил многу источно, со што Дијас бил првиот Европеец што го видел островот Мадагаскар и бил заслужен за именување на островот Сао Луренчо, бидејќи е пронајден на денот на Свети Лоренс (10 август 1500 г.) . Иако островот не бил непознат; неговото постоење и арапското име, „Остров на Месечината“, веќе било пријавено од Перо де Ковиља уште во 1490 година.

Обидите на Дијас да ја пронајде главната флота завршиле со тоа што тој погрешно пловел покрај ’Ртот Гвардафуи и во Аденскиот Залив, води во кои дотогаш не повеле португалските бродови. Зафатен од спротивните ветрови, Дијас поминал неколку месеци во областа. На Дијас и неговиот екипаж им се случиле немири, биле нападнати од пирати, биле во очајна потрага по вода и храна, и поради сето ова, бројот на членови од неговиот екипаж брзо се намалувал. Во времето кога заминал од таму, Дијас имал само шестмина членови на екипажот.

Не можејќи да го најде Кабрал, бродот на Диого Дијас сам се врати дома. Кај заливот Дакар во Сенегал, во јуни 1501 година се сретнал со бродот што го управувал Николау Коељо, од армадата на Кабрал, и тие заедно се вратиле во Лисабон.