Дворец Планалту

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дворец Планалту
Palácio do Planalto GGFD8938.jpg
Општи податоци
Типпретседателска палата
МестоБразилија, Бразил
Завршена21 април 1960
Проектирање и изградба
АрхитектОскар Нимаер

Дворец Планалто (на португалски: Palácio do Planalto) — дворец, палата каде што е сместено официјалното работно место и кабинетот на претседателот на Бразил. Се наоѓа во главниот град Бразилија. Зградата е дизајнирана од архитектот Оскар Нимаер и свечено е отворено на 21 април 1960 година. Тука се сместени кабинетот и работните простории на секој бразилски претседател почнувајќи од Јуселино Кубичек до денес. Се наоѓа на Плоштадот на трите сили, источно од зградата на Националниот конгрес и спроти Врховниот федерален суд.

Таа е една од официјалните палати на Претседателството, заедно со Палацио да Алворада, официјалната резиденција. Покрај претседателот, неколку високи советници исто така имаат канцеларии во Дворецот Планалту вклучувајќи го и потпретседателот и началникот на Генералштабот; другите министерства се поставуваат долж централната авенија наречена Монументална оска. Како седиште на владата, терминот Планалту често се користи како метоним за извршната власт на федералната влада на Бразил.