Да фатиме магла (филм)
Изглед
„Да фатиме магла“ или „Да бегаме одовде“ или „Спасувај се кој може“ (англиски: Skiptrace; кинески: 絕地逃亡) — хонгконшко-кинеско-американски филм од 2016 година во режија на Рени Харлин (Renny Harlin), според сценариото на Џеј Лонгино (Jay Longino) и Бендејвид Грабински (BenDavid Grabinski). Главните улоги ги играат: Џеки Чен (Jackie Chan), Џони Ноксвил (Johnny Knoxville) и Фан Бингбинг (Fan Bingbing).[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Бени Чен (го игра Чен) е детектив од Хонгконг, кој долго време се обидува да му се одмазди на еден дилер со дрога, кој е одговорен за смртта на неговиот соработник. Кога дознава дека американскиот коцкар Конор Вотс (го игра Ноксвил) ги има сите потребни докази, Чен се здружува со него за да ја истера правдата на виделина...