Дахалски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дахалски јазик
numma guhooni
Застапен воКенија
ПодрачјеКрајбрежна покраина
Говорници400  (1992)e18
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3dal

Дахалскиот (numma guhooni) е афроазиски јазик, дел од подгрупата на кушитски јазици. Јазикот денес го зборуваат околу 400 Дахалци, што го прави јазикот загрозен и е под опасност од исчезнување. Јазикот се зборува на брегот на Кенија, во близина на устието на реката Тана. Овој јазик е невообичаен во јазичиот свет поради тоа што ги користи сите четири механизми за проток на воздухот при говорот. Местоположбата на јазикот во рамките на кушитските јазици не е дефинирана со сигурност.

Овој поим „дахало“ е егзоним и се користи во научната јавност, поим кој го користеле Аверите и значи „безначаен“.[1] Јазикот всушност се нарекува „нума гухони“ (numma guhooni).

Статус[уреди | уреди извор]

Дахалците порано биле ловци на слонови и биле расштркани покрај брегот на Источна Африка и измешани со разните Банту-народи и Свахилите. Немале свои постојани населени места и често се двојазични. Децата денес повеќе не зборуваат на дахалски, туку на дргугите подоминатни јазици, најмногу свахилски. Така, јазикот е под опасност од исчезнување.[2]

Фонологија[уреди | уреди извор]

Согласки[уреди | уреди извор]

Дахалскиот има голем број на согласки. Мадисон (1993) наведува вкупно 62 согласки за јазикот,[3] а Тоско (1991) наведува 50. Во прилог 50-те согласки на дахалскиот:

двоусни уснено-запчени венечни задновенечни преднонепчени заднонепчени голтничка гласилна
рамнојазична врвнојазична лабијализирана рамна лабијализирана
носна m n ɲ
носна
чкрапава (1)
рамна Грешка во употребата на {{IPAsym}}: Симболот: „ᵑʇ“ го нема на списокот ᵑʇʷ
гласилизирана Грешка во употребата на {{IPAsym}}: Симболот: „ᵑʇˀ“ го нема на списокот ᵑʇˀʷ
експлозивна рамна безвучна p k ʡ ʔ
звучна b ɡ ɡʷ
исфрлувачка t̪ʼ t̠ʼ kʷʼ
имплозивна ɓ ɗ
пренасализирана безвучна ᵐp ⁿt̪ ⁿt̠ ᵑk ᵑkʷ
звучна ᵐb ⁿd̪ ⁿd̠ ⁿd̠ʷ ᵑɡ ᵑɡʷ
струјна рамна безвучна ts
звучна dz dzʷ
исфрлувачка tsʼ tʃʼ
странична исфрлувачка tɬʼ cʎ̥˔ʼ
пренасализирана безвучна ⁿts ᶮtʃ
звучна ⁿdz ᶮdʒ
шумлива централна f s   z ʃ ʜ h
странична ɬ ɬʷ ʎ̥˔
приближна l j
вевна r
1Забните чкрапави согласки најчесто се пишуваат како /ǀ/, но може да се замешаат со /l/. Поради читливост се користи /ʇ/.

Самогласки[уреди | уреди извор]

Дахалскиот има пет самогласки кои имаат и кратка и долга форма:

предни задни
високи i / iː u / uː
средни e / eː o / oː
ниски a / aː

Чкрапави согласки[уреди | уреди извор]

Дахалскито е еден од неколкуте јазици надвор од Јужна Африка кои имаат чкрапави согласки. Чкрапавите согласки не се по потекло кушитски и може се остаток од поранешни влијанија на други јазици. Тен Ра дава докази дека Дахалците во минатото зборувале и на јазик сличен на сандавејскиот (кој има чкрапави согласки) и можеби денешните се остаток од таа јазична замена.[4] Ова може да ја објасни појавата што чкрапавите согласки се појавуваат само во обични секојдневни предмети.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. STILES, D. (1982). A HISTORY OF THE HUNTING PEOPLES OF THE NORTHERN EAST AFRICA COAST: Ecological and Socio-Economic Considerations. Paideuma, 28, 165-174. Retrieved from www.jstor.org/stable/41409881
  2. [1]
  3. Maddieson, Ian; Spajić, Siniša; Sands, Bonny; Ladefoged, Peter (1993), „Phonetic structures of Dahalo“, Во Maddieson, Ian (уред.), UCLA working papers in phonetics: Fieldwork studies of targeted languages, 84, Los Angeles: The UCLA Phonetics Laboratory Group, стр. 25–65
  4. Ten Raa, E. (1969). "Sanye and Sandawe: A common substratum?" African Language Review 8, 148–155.
  5. Sands, Bonny & Tom Güldemann (2009). "What click languages can and can't tell us about language origins". In Botha, Rudolf & Chris Knight (Eds.), The Cradle of Language, pp. 213–15. Oxford.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]