Дарко Каевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарко Каевски
Пратеник на Собранието на Македонија
Лични податоци
Роден(а) Дарко Каевски
9 ноември 1989(1989-11-09)(34 г.)
Скопје, Република Македонија
Државјанство Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Занимање политичар

Дарко Каевски (9 ноември 1989, Скопје) - македонски политичар и пратеник во Собранието на Република Македонија.

Образование[уреди | уреди извор]

Каевски е дипломиран економист. Тој учествува на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Меѓународниот републикански институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, каде што професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнува во 2012 година со работа во геодетско друштво.

Во 2013 година тој е избран за член на Советот на општина Кисела Вода и воедно назначен за претседател на Комисијата за локален економски развој со што директно учествува во носењето на важни одлуки за граѓаните поврзани со капитални инвестиции во општина Кисела Вода.

Во 2014 година станува потпретседател на СДММ, и ја застапува оорганизацијата како полноправен член во рамки на Националниот Младински Совет на Македонија.

Тој претходно е и советник во општина Кисела Вода.

Во 2017 година станува директор на Агенцијата за млади и спорт, а веќе во 2020 и пратеник во Собранието на Република Македонија.