Даница Стојанова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даница Стојанова
Даница Стојанова - пијанистка2.jpg
Даница Стојанова
Роден(а)Струмица
НационалностМакедонка

Даница Стојанова (родена во Струмица) — македонска пијанистка и професор.

Даница Стојанова своето основното музичко образование го завршила во Струмица во класата на Софија Вета. Средното училиште го завршила во СУ „Илија Николовски Луј“ - Скопје кај проф. С. Пановска а во меѓувреме соработувала со професорите Д. Трбојевиќ и Арбо Валдма на Музичката академија во Белград - Србија. Студиите по пијано ги завршила кај проф. Јокут Михаиловиќ во Србија и магистрирала на ФМУ, Скопје кај проф. Е. Трпкова. Активно учествувала на меѓународни музички академии по пијано во Белгија, Русија, Бугарија, Мароко,Германија, Холандија и работела со светски познатите педагози како Жени Захариева, Акил Дел Вињ, Жак Рувие, Људмила Рошчина, Хериберт Кох.

Даница Стојанова станала професор во СУ „Илија Николовски Луј“ - Скопје. Член е на жири комисии на престижните натпревари по пијано и камерна музика во регионов (Македонија, Србија, Бугарија, Косово). Држи мастер класи за пијано во Македонија, Малезија, Косово, како и стручни предавања на меѓународните фестивали како Шопен Фест, Епта и други.

Настапувала како солист со Македонска филхармонија и Видинска филхармонија од Бугарија. Како пијано придружник соработувала со уметниците Благоја Ангеловски, Анастазија Низамова, Ана Дурловски, Олег Контраденко, Роберт Цеков. Како солист настапувала со полурецитали и целовечерни концерти во Македонија, Бугарија, Турција, Малезија, Германија, Франција, Косово, Србија, Италија, САД.

За нејзината работа таа е добитник на наградите „Најдобар уметнички пијано соработник“ на 22 – от Меѓународен натпревар „Музиката и луѓето“ во Софија во 2004 година, награда за едногодишна успешна работа во областа на музичката педагогија доделена од страна на Здружението на музичките и балетски педагози на Македонија (2007), Награда за одлични педгошки достигнувања во 2009 година во Бугарија, Награда за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија во Македонија во 2011. Од 2016 година таа е почесен член на Фондацијата „Томислав Зографски‘‘. Автор е на книгата ‘„Фредерик Шопен - поет на пијаното‘‘.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]