Даниел Милошевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1970
Гостивар, СР Македонија СР Македонија
Починал 15 јули 2014
Скопје, Македонија Македонија
Занимање музички продуцент

Даниел Милошески - Данче (Гостивар, 1970 - Скопје, 15 јули 2014) — виден македонски музички продуцент и основач и сопственик на најголемата македонска продукциска куќа Авалон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Милошески е роден во Гостивар во 1970 година. Тој заедно со својот брат Бобан Милошески биле едни од најуспешните во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди. Првиот концерт го организирале во 1993 година, а до крајот на 2013 година, бројот на концерти во нивната режија ја надминал бројката од 250. Меѓу многубројните се и легендата Боб Дилан, Ајрон Меиден, Дип Парпл, Вајтснејк, Симпл Мајндс, Лени Кравиц, Брајан Фери, Кошин, Били Ајдол, последниот концерт на Ејми Вајнхаус. Списокот на имињата со кои работеле директно ги издвојува како најуспешна концертна и букинг компанија на овие простори, односно во Регионот. Бил женет и имал две ќерки.[1]

Смрт и реакции[уреди | уреди извор]

Починал ненадејно во Скопје, после тренинг во фитнес центар на 15 јули 2014 година.[2]

По смртта на Даниел пристигнаа голем број на реакции.[3] Некои од нив се:

Шокирани сме од веста за ненадејната смрт на Даниел и сѐ уште не можеме да се соземеме. Данче го чувствувавме како свој близок пријател, со кој што се познаваме целиот наш живот. Со „Авалон продукција“ соработувавме речиси 15 години и ќе го паметиме како голем работник, кој не знаеше за одмор, а и како голем пријател на нашето семејство. Нека биде мирот со него, кај и да е.

- Ружица и Ивица Брчиоски - „Ареа“.

Сериозно ме потресе смртта на човекот кој последните 20 години ја градеше со стил македонската музичка концертна сцена. Голема загуба. Голема загуба за „Авалон“ и за сите нас.

- Миа Костова.

Тажен ден за мене денес, еден од моите омилени соработници и пријатели во шоу-бизнисот отиде да се одмори на небото, извонреден човек, исклучителен професионалец, мирен, кроток, татко на две деца... Шок и тага.

- Весна Бејби Петрушевска.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]