Даниела Силиваш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниела Силиваш
Daniela Silivaş 1987.jpg
Даниела Силиваш во 1987 година
Лични податоци
Полно имеВиорика Даниела Силиваш-Харпер
Прекар(и)Дана
Роден(а)мај 9 1972 (1972-05-09) (47 г.)
Дева, Романија
ЖивеалиштеМаријета, Џорџија
Висина&100000000000001650000001,65 м
Тежина38 kg (84 lb)
Спорт
Земја Романија
СпортГимнастика
Повлечен(а)1991

Виорика Даниела Силиваш-Харпер (родена на 9 мај 1972 г.), најдобро позната како Даниела Силиваш - поранешна романска гимнастичарка која е најпозната по освоените шест медали (три златни, два сребрени и еден бронзен) на Летните олимписки игри 1888 во Сеул. Покрај тоа, Силиваш освоила шест титули во поединечна конкуренција од Светските првенства, како и титулата во повеќебој од Европското првенство во 1987 година. Таа била единствената гимнастичарка која освоила медал во сите дисциплини на игрите во 1988, добивајќи седум совршени десетки. Силиваш била позната по нејзината техничка извонредност, прекрасни изведби и уметничкa оригиналност.[1]

Силиваш формално се повлекла од гимнастиката во 1991 година и се преселила во САД, каде моментално работи како гимнастички тренер. Во 2002 година таа била примена во Меѓународната гимнастичка куќа на славни.

Ран живот и кариера[уреди | уреди извор]

Даниела Силиваш е родена во Дева, Трансилванија. Таа зачочнала да се занимава со гимнастика на 6-годишна возраст и била тренирана од легендарниот Бела Кароли шест месеци, пред тој да емигрира во САД во 1981 година. Силиваш победила на училишното првенство во 1980, а во следните две години била јуниорски шампион на Романија. Таа продолжила да се натпреварува на различни јуниорски натпреварувања, и го покажала својот талент на јуниорското европско првенство во 1984 година каде освоила златен медал на греда, сребрени медали во дисциплините двовисински разбој и партер, и 4. место во повеќебој. Таа била посебно успешна на јуниорскиот пријателски турнир (Дружба) освојувајќи златен медал во повеќебој како и на двовисинскиот разбој против идните олимписки и светски медалистки Светлана Богинскаја, Аурелија Добре и Дагмар Керстен.[2][3]

Сениорска кариера[уреди | уреди извор]

Полемики околу годините[уреди | уреди извор]

Сепак, Силиваш не се задржала долго во јуниорскa конкуренција. Во 1985 година, романската гимнастичка федерација ја сменила нејзината година на раѓање од 1972 на 1970 за таа да може да учествува на Светското првенство во 1985 во Монтреал. Фалсификатот бил сомнителен за некои, но никогаш не бил целосно потврден се додека Силиваш самата не го потврдила тоа во 2002 година. Таа изјавила дека никогаш не била информирана околу тоа: властите едноставно и дале нов пасош и ја информирале дека сега има 15 години.[4][5][6][7]

1985–1987[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што имала само 13 години на Светското првенство 1985, Силиваш добила совршена десетка на патот до освојувањето на светската титула на греда, победувајќи ја актуелната олимписка шампионка, и нејзина колешка, Екатерина Сабо. Таа завршила зад актуелната светска шампионка Јелена Шушунова во поединечниот повеќебој на Светскиот куп во 1986 година и набрзо се етаблирала себе си како предводник на романската гимнастичка екипа.[6][8] Најголемиот успех во кариерата,Силиваш го остварила на Европското првенство 1987 во Москва, каде ги освоила титулите во повеќебој, двовисински разбој, греда и партер а била второпласирана во прескок.[2]

Силиваш на Светското првенство 1987

На Светското првенство 1987 во Ротердам, Силиваш придонела романската екипа да ја освои титулата во екипниот повеќебој, победувајќи ја невидливата советска екипа за прв пат по 1979 година. Таа била фаворит за освојување на титулата во поединечниот повеќебој, но на крајот го освоила само бронзениот медал, зад Аурелија Добре и бранителката на титулата Шушунова. Во поединечните финални натпревари, Силиваш освоила два златни медали, на двовисински разбој и партер.[8]

Летни олимписки игри 1988[уреди | уреди извор]

На Летните олимписки игри 1988 во Сеул, Силиваш, заедно со Добре и Шушунова, била сметана за голем фаворит за освојување на титулата во повеќебој.[9] Во екипниот повеќебој, романската екипа завршила на 2. место зад советската екипа.

Сцената била поставена за повеќебојот, каде се очекувала возбудлива борба помеѓу Силиваш и Шушунова. Двете гимнастичарки започнале со исклучително силни изведби. И Силиваш и Шушунова добиле совршени десетки на партер; Шушунова ја добила втората совршена десетка во прескок, а Силиваш на двовисински разбој. Романката била во предност пред последната серија, но добиената оцена од 9.950 во прескок ја сместила на второто место зад Шушунова за само 0.025.[10]

Во поединечните финални натпревари, Силиваш ги освоила златните медали во дисциплините двовисински разбој, партер и греда, како и бронзениот медал во прескок зад Светлана Богинскаја и колешката Габриела Поторак. Таа била единствената гимнастичарка во Сеул која освоила медал во сите натпревари. Таа исто така го израмнила рекордот на Надја Команечи од седум совршени десетки на едни Олимписки игри.[11]

По Олимписките игри и пензионирање[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што се здобила со сериозна повреда на колено во1989 година, Силиваш успеала да ја одбрани својата титула на партер на Европското првенство и да освои три дополнителни медали. Во повеќебој, таа завршила на 2. место зад Светлана Богинскаја. Сеуште повредена, таа настапила на Светското првенство 1989, каде завршила на 12. место во повеќебој по пад од двовисинскиот разбој. Бестрашна, таа настапила во финалните натпревари, и успеала да освои три златни медали (греда, двовисински разбој и партер).[8] Силиваш настапила на уште неколку натпреварувања во 1989 година, а откако и била извршена операција на коленото, таа планирала повторно да се врати да тренира во сала. Романската револуција во 1989 година го затворила националниот тренинг во Дева, ставајќи предвремен крај на нејзината кариера.

Живот по гимнастиката[уреди | уреди извор]

Силиваш формално се повлекка од гимнастиката во 1991 година и се преселила во САД, во Атланта, Џорџија.[7][12] Во 2002 година Силиваш била примена во Меѓународната гимнастичка куќа на славни; таа сеуште е сопственичка на рекордот за најмлада гимнастичарка која го добила ова признание.[13]

Таа работи како гимнастички тренер во Сенди Спрингс, Џорџија. Во мај 2003 година, таа се венчала со Скот Харпер, дипломец по спортски менаџмент. Парот има три деца: два сина, Џејдан Скот и Рилан Брус Харпер; и ќерка, Ава Луцијана. Семејството Харпер живее во Маријета, Џорџија .[2][7][14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.youtube.com/watch?v=7mWNlw0iGkA
  2. 2,0 2,1 2,2 „Whatever happened to Daniela Silivas?“. Gymnastics Greats. 2001–2005. конс. 2010-02-27. 
  3. „Results from 198 Druzhba competition“. Gymn-Forum. конс. 2007-12-26. 
  4. „Daniela Silivas discusses her age“. ProSport. 2002-06-30. конс. 2007-12-26. 
  5. „Romanian gymnasts lied about age“. CNN/Sports Illustrated. 2002-04-18. конс. 2007-12-26. 
  6. 6,0 6,1 „Profile at the International Gymnastics Hall of Fame“. International Gymnastics Hall of Fame. конс. 2007-12-26. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Daniela Silivaș. sports-reference.com
  8. 8,0 8,1 8,2 „List of competitive results“. Gymn-Forum. конс. 2007-12-26. 
  9. „The Games, From Archery to Yachting: Gymnastics“. New York Times. September 11, 1988. конс. 2007-12-26. 
  10. „It's History: IG Looks back at the 1988 Olympics“. International Gymnast. 1998. Архивирано од изворникот на 2007-12-06. конс. 2007-12-26. 
  11. „Twenty-five years of perfection“. International Gymnast. 2001-07-18. Архивирано од изворникот на 2001-08-28. конс. 2007-12-26. 
  12. „Daniela Silivaș, 10 years later“. Gazeta Sporturilor. 2001. Архивирано од изворникот на 2009-08-08. конс. 2007-12-26. 
  13. „Hall of Fame celebration continues“. International Gymnast. June 2002. Архивирано од изворникот на 2002-07-21. конс. 2007-12-26. 
  14. „Daniela Silivas“. International Gymnast. 2004. Архивирано од изворникот на 2004-05-08. конс. 2007-12-26.