Прејди на содржината

Дамата од Шалот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дамата од Шалот
Илустрација од Елизабет Сидал (1853)
АвторАлфред Тенисон
ЗемјаОбединето Кралство
ЈазикАнглиски
ЖанрАртуријанска литература
ТекстДамата од Шалот на Викиизвор

Дамата од Шалот ― лирска балада од англискиот поет Алфред Тенисон и едно од неговите најпознати дела. Поемата била инспирирана од италијанскиот краток прозен текст од 13 век Donna di Scalotta. Во неа се раскажува трагичната приказна за Илејн од Астолат, млада благородничка заробена во кула кај реката од Камелот. Тенисон напишал две верзии од песната, првата објавена во 1832 година (во Поеми),[1] со 20 строфи, втората во 1842 година, со 19 строфи (исто така во книгата Поеми). Живописниот средновековен романтизам и загадочната симболика на „Дамата од Шалот“ била инспирација за многу сликари, но и за други автори и уметници.

Приказна

[уреди | уреди извор]

Првите четири строфи од втората верзија на поемата од 1842 година ја опишуваат пасторалната средина. Дамата од Шалот живее во замок на речен остров во близина на Камелот, но месните фармери за неа не знаат речиси ништо.

И под месец жетвар бдее
што класје на гумно вее,
слуша, шепне, „Таа вила ќе е,
Дамата од Шалот!“

Од петтата до осмата строфа се опишува животот на дамата. Таа пати од загадочно проклетство и постојано мора да плете слики на нејзиниот разбој без воопшто да гледа директно кон светот. Таа гледа во огледало, кое го отсликува прометниот пат и луѓето од Камелот кои минуваат покрај нејзиниот остров.

Не знае што клетва ќе е,
та везден таа ткае, пее,
со други грижи денот не е
за Дамата од Шалот.

Одразените слики се опишани како „сенки од светот“, метафора што јасно укажува дека тие се лоша замена за директно гледање кон светот.

Вилијам Моу Егли, Дамата од Шалот, 1858 година

Од деветтата до дванаесетата строфа се опишува „храбриот Сер Ланселот“ додека јава покрај замокот и ја здогледува дамата.

И на сино време ведро
скапоцено светка седло,
светкаат и шлем и перо,
горат како еден пламен
врз витезот на Камелот.

Останатите седум строфи ги опишуваат чувствата на дамата откако ќе го види Ланселот; таа престанува да ткае и гледа низ прозорецот кон Камелот, предизвикувајќи го проклетството.

Везот летна, по ток се посла,
огледалото на две ѝ прсна;
”Клетвата ме стигна”, вресна
Дамата од Шалот.

Таа ја напушта својата кула, наоѓа брод на кој е напишано нејзиното име и плови по реката кон Камелот. Таа умира пред да пристигне во замокот. Меѓу витезите и дамите кои ја гледаат е и Ланселот, кој смета дека е преубава.

Која е? И што се стори?
И во светлите им дворови
замре ѕвон на прослави;
се прекрстија престравени,
витезите на Камелот:
но Ланселот се замисли;
”Колку лична е,” се диви,
”Бог да ѝ се смилостиви,
на Дамата од Шалот.”

Дамата од Шалот од Џон Вотерхаус, 1888 година
  1. „The Lady of Shalott by Lord Alfred Tennyson“. www.online-literature.com.

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]