Прејди на содржината

Дали сте за танц со мене

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Дали сте за танц со мене?“ (француски: Voulez-vous danser avec moi?) — филм на режисерот Мишел Боарон од 1959 година. Главните улоги ги играат: Брижит Бардо, Анри Видал и Дон Адамс.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Заболекарот Арв Дандио случајно ја забележува убава девојка и веднаш се вљубува во неа, а набргу тие се венчаваат, наспроти противењето на нејзиниот татко. По една кавга со сопругата, тој оди во бар, каде ја запознава привлечната учителка по танцување Анита Флорес. Таа го кани во својот стан и го наведува да водат љубов, а еден нејзин пријател скришно ги фотографира. Така, Анита го уценува Арв, барајќи голем износ пари. Сопругата на Арв зоднава за неговото неверство и заминува во училиштето за танцување, каде штотуку влегува и Арв. Кога тој влегува во собата, таму ја затекнува Анита мртва, а вработените во училиштето го пријавуваат во полицијата како извршител на убиството. Арв ја убедува сопругата дека е невин и таа се вработува како учителка за танцување со намера да го открие вистинскиот убиец...